Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Масовен одлив на кадар од Македонија

0
By Менче Атанасова Точи on March 31, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нестабилната економска ситуација, ниските плати, лошите услови за живот, сиромаштијата се главните причини што граѓаните масовно ја напуштаат државата и заминуваат да работат во странство.

Официјално од воведувањето на матичните броеви во средината на осумдесетите до февруари годинава од Македонија во странство заминале 128 888 граѓани. Од нив 105 153 се возрасни, а 15 735 се деца. Во МВР велат дека тоа се луѓе кои пополниле формулар дека го одјавуваат нивниот престој и заминале да живеат во странство, но никој не го знае вистинскиот број бидејќи многу од нив не се одјавиле пред заминување.

-Обично не кажуваат каде одат да живеат. Ние тоа и не го бараме од нив, но според законот секој што патува во странство на повеќе од три месеци е должен да се одјави од државата, во спротивно ќе биде казнет, од 100 до 500 евра велат за НОВА во МВР.

Најпримамливи дестинации се Италија, Швајцарија, Германија, Скандинавските земји, Австралија, Канада, САД. Во последно време младите масовно заминуваат да работат на брод.

Кумановчани заминуват да работат во Авганистан, Дубаи, Џибути, Арапските емирати. Во потрага по работа во градежништво во Русија заминуваат најмногу работници од Крива Паланка, регионот на Гостивар и Тетово најчесто работат во Словенија, Швајцарија и Германија. Многумина работат сезонски во Црна Гора и Хрватска.

Високообразованиот кадар, младите и способни луѓе најчесто заминуваат во САД каде што го наоѓаат своето место под сонцето. Дел од нив се едуцираат, другите работат, а државата каде што престојуваат добива готов, образован кадар во кој не вложила ниту денар велат експертите.

Последните истражувања во рамките на нацрт-националната стратегија со која државата сака да го спреци одливот на кадар, покажаа дека дури 29 проценти од младите академски граѓани заминале на работа во странство. Во Македонија се случува најголемиот одлив на мозоци досега велат надлежните во ресорното министерство. Младинските организации реагираат дека надлежните доцна се сетиле да му обрнат внимание на проблемот.

-Партиските вработувања во јавната администрација и пошироко, неквалитетното образование кое важи за нетранспарентно и не нуди практични вештини се главните причини за одлив на мозоци изјави за Радио слободна Европа, Марјан Забрчанец од МОФ.

Социолозите велат дека младите во Македонија живеат во непредвидливи услови, со чувство дека ќе останат без работа, дека се маргинализирани и затоа бараат спас во странство.

Истражувањата покажуваат дека дури 85 проценти од младите со високо обарзование сакаат да заминат во странство.

Во Агенцијата за вработување велат дека до крајот на минатата година во државата имало 243 403 невработени лица кои се евидентирани дека бараат работа.

Половина од нив се активно население до 39 години, а 25 проценти од нив се млади до 25 годишна возраст.

Најбарани професии од високообразовниот кадар се информатичари, биолози, лекари, медицински сестри. Информатичарите се најбарани во Германија, а лекарите и медицинските сестри освен во западно-европските земји заминуваат на работа во Кувајт и Арапските емирати.

Лекарите кои заминуваат во Германија и Австрија најчесто прво стажираат за плата од 2000 евра и платен стан, а потоа добиваат стално вработување за три пати поголема плата.

Истражувањето на Хелтгрупер покажало дека дури 57 проценти од лекарите размислуваат да ја напуштат државата.

Државата донесе стратегија за намалување на одливот на кадар, за чија реализација ќе се трошат пари од буџетот. За оваа година е предвидено да се потрошат 530 000 евра, идната 1,1 милион евра, а 2,2 милиони евра во 2015 година.

Како оваа стратегијата ќе ги одврати младите да заминат во странство кога тука неможат да најдат работа, е прашање на кое треба да одговорат надлежните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.