Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: По победата на Трамп, Северна Македонија би се адаптирала според однесувањето на големите сили

0
By Marija Todorovska on November 7, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓу Трамп и ВМРО ДПМНЕ, како и во цела Европа каде десничарските партии имаат добри односи, тимот на Мицкоски има постабилен начин да ги реши проблемите на Северна Македонија на Балканот со нејзините соседи.

Дестан Јонузи / Фронтлајн.мк

„Повторната појава на Трамп на политичката сцена ќе ја промени и геополитичката и економската структура во Европа, бидејќи главните профекционистички мерки ќе бидат насочени кон државите кои што не многу извезуваат во САД. Северна Македонија би се адаптирале според однесувањето на големите сили и во таа насока, како членка на НАТО, би се преклониле кон глобалната политика на Алијансата“ – вели за „Фронтлајн“, Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО, зборувајќи за победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД и неговиот пристап кон глобалната политика.

Нано Ружин

– Изненадавен сум од молчењето на политичките партии во нашата држава што не развија една поконзистентна теорија около тоа што носи победата на Трамп на економски, социјален, политички или стратегички план. Победата на Трамп не може директно да има влијање врз политичките, економските, социјалните, стратегичките и културолошките позицији во нашата држава, бидејќи Трамп, како што самите знаеме, се изјасни дека за него најглавен слоган во политиката пред се е САД. Тоа значи дека акцентот ќе биде ставен врз протекционизмот, заштитата на американскиот пазар со воспоставување на протекционистички мерки на увозот. Сега, ако имаме некој увоз на наши производи, торговија, што веројатно е во мали проценти, тие компании од нашата држава можат да бидат погодени, вели Ружин во својата анализа за „Фронтлајн“.

Според него, САД нема да покажат многу голем интерес кон Западен Балкан, бидејќи тоа не е опасно жариште кое може да дегенерира, барем во првата година или втората.

– Мислам дека просторот тука е оставен на Европската унија да ги развеши проблемите кои постојат во државите на Западен Балкан, односно во нивните заемни односи. Доколку се случи државите на НАТО од Западен Балкан, да бидат исто така должни да го зголемат својот придонес – буџет во рамките на Алијансата, тоа може да значи, да се бара како некоја промена, односно зголемување на тој придонес до речеси 3% иако до сега тоа јавно не е кажано, но меѓу тоа постои, подвлече тој.

Оно што е битно, додава нашиот соговорник, е глобалната стратегшка позиција на Трамп во однос на Украина.

– Тоа е дека Украина според трампизмот не може да стане членка на Алијансата и дека Трамп ќи инсистира на воспоставување на мир меѓу Русија и Украина. Северна Македонија би се адаптирале според однесувањето на големите сили и во таа насока, како членка на НАТО, би се преклониле кон глобалната политика на НАТО. Инаку постојат многу опцији дека наводно Трамп може и да го распушти НАТО, што не е точно, односно, хипотетички е точно, но за таа процедура му се необходни две третини гласови од Сенатот и, исто така, во представничкиот дом. Двата дома на Американската парламент, на Конгресот, мора да гласаат дури две третини во Сенатот, што и така така не е можено. Осен тоа, САД има и одредени интереси да опстои Алијансата, бидејќи огромен број од државите на НАТО кои што се наоружуваат, речиси 60% од европските држави купуваат оружие од САД, потенцира нашиот соговорник.

Професорот Нано Ружин смета дека повторната појава на Трамп на политичката сцена ќе ја промени и геополитичката и економската структура во Европа, бидејќи главните профекционистички мерки ќе бидат насочени кон државите кои што не многу извезуваат во САД, а тоа се Велика Британија, Германија, Холандија, Франција.

Селим Ибраими
Селим Ибраими

Селим Ибраими од Институтот за безбедносни студии и развој – „ИССД-Македонија“ вели дека победата на Трамп ќе има позитивни ефекти за државата.

– Како што претходно сум најавил во пишаните дописи од САД дека во случај на победа на Доналд Трамп (а тоа се случи), такво нешто ќе има позитивни ефекти за владата на Мицкоски, бидејќи владата во Скопје ја поддржа кампањата на Трамп во САД, со вклучување на македонската дијаспора. Владата на Мицкоски изгради одлични односи со тимот на Трамп, т.е. силни врски меѓу двете земји. Впрочем, со доаѓањето на новиот тим во Стејт департментот, многу прашања може да одат во прилог на отворениот проблем со Бугарија, каде владата во Скопје смета дека со американски притисок ќе може да добие нови позиции кон Бугарија. А такво нешто со новата американска администрација може да се случи. Следно, треба да почекаме дали ќе има нова политика која ќе ја принуди владата да започне вистински реформи за членство на земјата во ЕУ до 2030 година, изјави Ибраими за „Фронтлајн“.

На сите нивоа, подвлекува тој, односите меѓу САД и Северна Македонија ќе се развиваат како такви, без разлика кој е на власт во САД.

„Меѓу Трамп и ВМРО ДПМНЕ, како и во цела Европа каде десничарските партии имаат добри односи, тимот на Мицкоски има постабилен начин да ги реши проблемите на Северна Македонија на Балканот со нејзините соседи“.

Пораки со честитки за победата на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп на 47-те претседателски избори во САД упатија македонскиот државен врв и опозициските лидери. Сите со очекување да се продлабочи стратешкото партнерство меѓу двете земји.
Доналд Трамп треба да ја презеде должноста во јануари 2025 година.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Западен Балкан Ружин Селим Ибраими Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.