Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: Поддршката за ЕУ се уште силна, но расте евроскептицизмот кај младите

0
By Нова ТВ on February 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изминатата 2020 година ја одбележаа значителни пресврти во процесот на европска  интеграција. Следствено, овие настани се одразија на јавното мислење и перцепцијата на населението кон ЕУ. Во 2020 година, се става крај на долгогодишниот тренд на опаѓање на поддршката за ЕУ, со 69 проценти од населението кое дава поддршка за членството во ЕУ, за 4% повеќе во споредба со 2019 година. Дополнително, меѓуетничкиот јаз во степенот на поддршка на членството на ЕУ се намалува.

Ова го посочуваат резултатите од два истражувачки труда на тема „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија“ (2014 – 2020)  и  „Политички тобоган – Година исполнета со пресврти за Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“. кои денеска беа презентирани онлајн во организација на Институтот за демократија Социетас Цивилис и Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје.

Сепак, според анализите, паралелно на овие придвижувања, воочлив е и соодветен раст од 3 отсто на евроскептичните ставови, кои сега претставуваат 22 проценти од популацијата. Од тука, поддршката кон Евроазиската унија како алтернатива на членството во ЕУ бележи раст од околу 13 проценти во однос на 2019 година. Заканата за губење на националниот идентитет и губењето на суверенитетот и независноста на државата како последица на процесите на европеизација се наметнуваат како најважни фактори за формирањето на евроскептичните ставови.

Очигледен е и порастот на негативните перцепции кон соседите и нивното сојузништво во евроинтегративниот процес. За разлика од минатите години, кога причините во пристапниот процес се гледаа повеќе во неостварување на домашните реформи, сега повеќе од половината од граѓаните најголемиот проблем за македонскиот пристапен процес го насочуваат кон позициите на соседните држави, што е за 20 проценти повеќе од минатата година.

Иако, испитаниците се’ уште ја гледаат Европска унија како најголем сојузник, сепак, оваа перцепција бележи опаѓање од 7,6 проценти во однос на 2019 година. Дополнително, САД го земаат водството на ЕУ како фактор со најголемо влијание, додека пак Русија низ годините бележи благ пораст во однос на перцепцијата за нејзиното влијание. Европската Уунија, пак, се’ уште се гледа како најголем финансиски донатор на Северна Македонија.

Претседателот на ИДСЦС, Марко Трошановски во воедното излагање истакна дека изминатата година беше прилично несреќна за македонските амбиции за пристапување кон ЕУ, а бугарското вето сериозно го оштети процесот на проширување.

– Овој ќорсокак ја става под ризик и регионалната стабилност, го зголемува јазот во секој аспект помеѓу Западен Балкан и ЕУ, поттикнува авторитарни тенденции, популистички гласови. Штетите се големи, а Брисел е свесен за последиците од оваа ситуација. Кредибилитетот на Унијата и на процесот сериозно се нарушени. Иако целокупната поддршка за ЕУ се уште е силна, скептицизмот се зголемува, особено кај младите, а поддршката за Русија постојано расте. Испитаниците се уште ја гледаат ЕУ како најдобар странски сојузник, но ЕУ веќе не се гледа како странски фактор со најголемо влијание и заостанува зад САД. Прашањето е дали ЕУ има план Б за нас и регионот, вели Трошановски.

Новиот претставник на фондацијата „Конрад Аденауер“ во Република Северна Македонија, Даниел Браун, ја истакна важноста на процесот на европската интеграција на Северна Македонија особено имајќи ја предвид не само политичката и економската соработка, туку и соработката на полиња како заштита на животната средина, инфраструктурата и слично.

-Сите ние мислевме дека со Договорот од Преспа во 2018 година со Грција е отстранета последната пречка за пристани преговори, но гледаме дека мора да се реши проблем со соседна земја, вели  Браун изразувајќи ја силната поддршка на Германија за евроинтеграциите на земјата.

Тој меѓу другото нагласи дека не е спорно дека граѓаните на земјава сакаат конечно да видат напредок, придвижување напред, што е, вели, нешто што е заедничка задача на регионот и на ЕУ. Тоа Унијата треба да го види, затоа што, ако подолго се остави процесот на чекање, тогаш ќе се избере друг пат.

Двете истражувања на авторите Иван Дамјановски, Иван Николовски и Мари Јеленка Кирхнер може да се прочитаат на македонски и англиски јазик на линкови достапни на веб страницата на ИДСЦ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.