Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анархистичка група ја презеде одговорност за запалениот автомобил на италијанската дипломатка во Атина

0
By Ана Василевска on December 8, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Грција МНР
Грција МНР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Анархистичката група „Јадро на одмазда Карло Џулиани“ ја презеде одговорноста за запалениот автомобил, минатата седмица, на првата советничка во амбасадата на Италија во Грција Сузана Шлајн, јави дописничката на МИА од Атина.

Во опширниот и детален текст објавен на анархистички сајт, групата ги објаснува причините за нападот што е во знак на поддршка и солидарност за италијанскиот затвореник и анархист Алфредо Коспито, кој од 20 октомври штрајкува со глад, против, како што пишуваат, строгиот затворскиот режим воведен со членот 41 од италијанскиот закон за (41-бис).

„Со погледот насочен кон социјалната револуција и меѓународната солидарност решивме да испратиме наш сигнал на солидарност до другарот и борбата што ја води против режимот 41- бис. Избравме да ги нападнеме возилата на првата советничка на италијанската амбасада во нејзината приватна резиденција на улицата Блеса бр. 68 во Папагу. Се појавивме во ноќта и се изгубивме во неа, ефективно заземајќи став во војната што ја живееме. Војна во која мора да бидеме во офанзива барајќи правда“, соопштуваат од анархистичката група.

Минатиот петок, со експлозивен материјал, веројатно молотов, беше запален паркираниот автомобил на дипломатката, нападот го осуди грчкото МНР, а преку Твитер, реагираше и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија Антонио Тајани.

Анархистичката група Антонио Тајани Италија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.