Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНБ е целосно вклучена во безбедносните проверки на бегалците од Авганистан

0
By Mirjana on August 31, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата за Национална Безбедност е целосно вклучена во безбедносните проверки на лицата кои наоѓаат прибежиште во Република Северна Македонија  при бегството од Талибанскиот режим во Авганистан, брифира Директорот на Агенцијата за Национална Безбедност , Виктор Димовски. За лицата кои се упатуваат и во други земји, како и во Македонија , има и претходно добиени податоци но и податоци до кои доаѓаат со проверките што ги прават националните служби. Лицата се соодветно третирани од аспект на нивниот статус на лица со привремен престој  и статус  на лице кое транзитира и на кои засега им се даваат три месечни визи за престој, пред упатување во САД и трети земји.

На прашање за тоа дали постојат безбедносни ризици по бегалците од страна на лицата од Македонија кои биле дел од странски војски,  Димовски нагласи дека околу 130 лица од земјава се вклучиле во редовите на странските боишта, дека шеесетина се вратени во Македонија и сите се кривично правно процесуирани.

-Дел од македонските државјани кои учествувале во странски војски се наоѓаат во логорите-затвори на Блискиот Исток.  Што се однесува до членовите од нивните семејства жени и деца кои се вратени овде , тие се подложени на програми за ресоцијализација. Потенцијална можност од безбедносна закана постои, но сите тие се предмет на наш посебен интерес, вели Директорот на АНБ, Димовски.

И во овој дел Димовски ја оцени како одлична соработката со МВР, Агенцијата за разузнавање, Бирото за јавна  безбедност, Оперативно Техничката  Агенција како и со воената служба за безбедност.

М. Трпческа

Авганистан АНБ бегалци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.