Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Андонов побара оставка од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски

0
By Нова ТВ on December 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Откако синоќа амбасадите на Чешка и Словачка во Скопје јасно ги соопштија околностите кои ги спречија да се согласат со предлог заклучоците на Советот и како што велат во заедничкото соопштение – „одредени ентитети од Северна Македонија почнаа да шират неточни информации дека влијаеле на донесувањето на одлуките на Прага и на Братислава поврзани со процесите во самата ЕУ, преку социјалните мрежи свој став изнесе и поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов. Тој го повика потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да си поднесе оставка и да се повлече од политичкиот живот.
„Го повикувам потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Александар Николоски да си поднесе оставка од функцијата и да се повлече од политичкиот живот“, сподели на својот Фејсбук профил поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов.
Навистина, господине Николоски нема потреба поради вашите „ЕКСКЛУЗИВНИ” изјави во медиумите кои подоцна се покажуваат како неточни сите ние и целото ВМРО-ДПМНЕ да бидеме заробеници на истите и осрамотени пред нашите пријатели во ЕУ дека сме манипулатори, шириме невистини и не сме сериозни по клучни прашања за нашата татковина Македонија, вели Андонов и додава:
„Вие на овој начин со својата неодговорна измислена “ексклузивна” изјава ја опструиравте ВМРО-ДПМНЕ во своето претставување како идна сериозна власт во Македонија и довербата на нашите партнери во ЕПП и идни партнери од ЕУ во борбата на сите нас за уривање на предавничката власт на СДС ја урнавте. За доброто на Македонија, господине Николоски заминете си колку-толку достоинствено од политиката“.
Во емисијата стадион на Канал 77, Николоски изјави дека Чешка и Словачка се поголеми патриоти од премиерот Зоран Заев и дека нивното вето е резултат на дипломатскиот ангажман на ВМРО ДПМНЕ.
„ВМРО ДПМНЕ работеше со овие држави, да спречат условот историја, да влезе во заклучоците на Европската Унија“, рече Николоски.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.