Македонија може да има последици на патот на евроинтегративните процеси поради таксите воведени за граѓаните на Косово, изјави за Либертас либералот Стојан Андов, економист и поранешен претседател на Собранието.
– Таа мерка е погрешна. Маса граѓани се изложени на санкции и на трошоци. Ваков случај немало во Европа ни меѓу земјите членки ни меѓу кандидатите за членство во ЕУ. Македонија ќе има повеќе шетни последици, и со оглед дека во трговската размена со Косово таа има 90 отсто извоз и 10 отсто увоз. Многу македонски фирми живеат од тој пазар. Вакви прекини се голем удар врз плановите и постојните договори на фирмите.
– Опасно е ако оваа состојба потрае и ако поради тоа косовските фирми увозници во меѓувреме направат договори со нови добавувачи. Во време кога Македонија очекува да и се отворат некои врати на интеграцискиот пат, ова се компликации кои никој не ги очекуваше. Со визната либерализација многу прашања се затворија, не е време повторно да се отвораат, вели Андов.