Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров, е кандидат на оваа партија во трката за градоначалник на скопската општина Карпош, јави Бриф. Тој веќе беше градоначалник на оваа скопска општина во периодот од 2003 до 2008 година.
– Да, точно е дека јас сум кандидат за градоначалник во Карпош – изјавил Петров за порталот.
Претходно, кандидатот на партијата, односно на здружената коалиција беше Стевчо Јакимовски, но тој, и покрај тогашната одлука за бојкот, поднесе кандидатура на минута до истекот на регуларниот рок за поднесување кандидатски листи, преку партијата на Драгиша Милетиќ, по што беше исклучен од СДСМ.