Поранешниот пратеник и градоначалник на Карпош од редовите на СДСМ, Андреј Петров во телефонска изјава за НоваТв потврди дека разговарал со претседателот на СДСМ , Димитар Ковачевски за ангажман во партијата, но не станало збор конкретно на која позиција.
-Точно е дека се видовме и разговараме со претседателот Ковачевски, но не зборувавме за тоа на која позиција. Ги читам и јас написите, но да почекаме до утре, оставам на претседателот Ковачевски и на органите и телата на партијата да го утврдат тоа, ни изјави Андреј Петров.
Како што е познато, Социјалдемократите утре одржуваат Централен одбор на кој се очекува да биде предложено ново партиско раководство и да биде промовиран Советот за креирање и имплементација на политики , со кој би раководел Игор Ивановски.
(М.Т)