Македонскта продуцентка во интервјуто за европската престижна платформа „Синеропа“ објавено денеска, ги објаснува нејзините очекувања за претстојнота средба на ЕФП во Кан, како таа ги избира своите проекти и предизвиците со кои се соочува.
Во текот на изминатите 19 години, професионалната улога на Ангела Несторовска во „Сектор филм“ значително еволуираше. Сега, македонската продуцентка е избрана да учествува во програмата на European Film Promotion Producers on the Move во Кан, на која има можност да донесе неколку проекти. Таа зборуваше за Cineuropa за вредноста на копродукцијата, предизвиците со кои се соочува во една мала земја и како ги избира своите проекти.
Целото интервју на следниот линк.
Продуцентката Ангела Несторовска од „Сектор филм“ е селектирана меѓу 20-те најдобри европски продуценти во развој за 2024 година. Изборот на продуцентите во развој (PRODUCERS ON THE MOVE) што се одржува пред и за време на Канскиот фестивал (14-25 мај 2024) го објави пан-европската мрежа European Film Promotion (EFP) и нејзините членки.
Двесете од најперспективните европски продуценти се избрани да учествуваат во престижната платформа за промоција и вмрежување на EFP, која не само што ја слави својата 25-годишнина, туку и ќе го сврти вниманието кон бројните соработки што се развија помеѓу близу 500 учесници од 37 европски земји, во текот на овој четвртина век.