Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангелов: Големиот број на експлозивни средства го отежнуваат гаснењето на пожарот на Галичица

0
By Ivana on September 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почнувајќи од 3 септември, кризната состојба предизвикана од пожарите е завршена. Во моментов е активен пожарот на планината Галичица, а утрово е регистриран и еден пожар во Арачиново, со што не постои можност за продолжување на кризната состојба, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција

Пожарот на Галичица започна пред една недела од албанската страна. Ангелов вели дека постојат сомненија, оти е започнат од овчари за да се подобри квалитетот на пасиштето.

– Пред помалку од една недела, пожарот се приближи до нашата граница. На 30 август извршивме хеликоптерско извидување со претставници од Главниот штаб за управување со кризи во кое учествував и јас. Пожарот беше на самата гранична линија, а полека одредени јазици влегуваа и на нашата територија и се спушташе кон толот од страната на Охридско Езеро и од страна на Преспанското Езеро, истакна Ангелов.

Директорот на ЦУК информира дека горела само трева и ниски зимзелени грмушки. Во текот на ноќните часови, како што посочи тој доаѓало до загаснување на пожарот, а рано наутро со појава на утринската роса пожарот безмалку бил изгаснат. Но, со зголемување на температурите, повторно доаѓало до палење на пожарот.

– Овој пожар е карактеристичен по една непријатна и ризична работа а тоа е големиот број на експлозивни средства и направи, гранати, куршуми и разни други експлозивни средства што се наоѓаат и по самиот срт каде започна пожарот и истите се протегаат до подножјето во самата шума. Овој пожар е четврти пожар на истото ова подрачје во последните 10-15 години според оние расположливи информации до коишто дојдовме. При секој пожар од местото каде што гори се слушаат детонации, експлозии, истрели од куршуми. Палењето на тревата создава температура што ги активира овие минско експлозивни средства, коишто кога човек би згазнал на нив не би се активирале, бидејќи се стари повеќе од 100 години, вели Ангелов.

Тој истакна дека во текот на денешниот ден, од раните утрински часови до сега се слушнати најмалку три експлозии, што значи дека ова место каде што во моментов гори пожарот не е безбедно за пешадија, ниту за летање со хеликоптер.

– Од страна на Главниот штаб за управување со кризи, веднаш по појавата на овој пожар беше разгледана можноста да се ангажира хеликоптер за гаснење од воздух. Заклучокот беше дека е ризично затоа што леталото при гаснењето на пожар доаѓа на дваесеттина метри до земјата, односно самата сајла на којашто виси справата е долго десет метри, а хеликоптерот да биде поефикасен доаѓа многу ниско, со што постои ризик од експлозиите, објаснува Ангелов.

Претставници на Националниот Парк Галичица се обиделе странично да го изгаснат пожарот, но се појави феномен како пожарот кај Сарај, кога гори кореновиот систем и пожарот на местата каде што е изгаснат по извесно време повторно се распламтува.

Директорот на ЦУК соопшти дека стратегијата што ја донесе штабот е дека кога пожарот ќе се спушти кон шумата со цистерни, кои носат околу 500 литри вода е да се навлезе на шумските патишта и пожарот да се пресретне, со што патиштата не претставуваат опасност.

Ангелов додаде дека во моментов, пожарот на Галичица не претставува опасност за населените места кои се во близина на планината.

– Со завршување на кризната состојба, се менува надлежноста и сега на врвот на хиерархијата при гаснење на пожарите не се наоѓа Главниот штаб за управување со кризи, туку одговорните лица на противпожарните единици од териториите каде се активни пожарите. Тоа значи дека од сега натаму повеќе информации околу пожарот на Галичица потребно е да барате од градоначалникот на Општина Охрид, или во случај на појава на други пожари, од останатите градоначалници, објаснува Ангелов.

Иако до ЦУК стигнуваат барања од Општините за управување со хеликоптерите, ЦУК ги препраќа до Генералштабот на Армијата, кои одлучуваат дали се исполнети условите за учество во гаснење на пожарите.

НП Галичица пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.