Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангелов: Системот за управување со кризи мора да се гради

0
By Нова ТВ on May 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За справување со климатските промени неопходни се сеопфатни мерки и активности од страна на повеќе надлежни органи. Постои потреба од меѓуресорски координирани стратегии, политики и планови. Климатските промени се чувствуваат во многу сектори: земјоделство, шумарство, водостопанство, животна средина, предизвикуваат топлотни и студени бранови, имаат ефекти врз здравјето и животот кај луѓето, животните и растенијата, производството и снабдувањето со храна, обезбедувањето со енергија, поттикнуваат миграции, ризици од природни непогоди па дури се и причини за судири заради пристап до животни ресурси, рече денеска в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

На панел-дискусијата за управување со ризици организирана од УНДП, Ангелов посочи дека во однос на спречувањето на последиците од климатските промени најшироко применувана стратегија е адаптацијата или прилагодувањето во сите засегнати сектори: земјоделство, производство на храна, искористување на водниот режим,…

Како што нагласи Ангелов, во досегашното 15-годишно постоење ЦУК се соочил со повеќе ризици од аспект на климатските промени, како екстремни временски состојби со изразени високи температури за време на летните месеци.

-Овие состојби во голема мерка го зголемуваат ризикот за избувнување шумски пожри и пожари на отворен простор кои загрозуваат големи шумски површини, ги уништуваат шумските видови и предизвикуваат долгорочни последици по животната средина. Заради ефикасно справување со големи шумски пожари во повеќе наврати биле прогласувани кризни состојби на целата територија на државата (2007) или на нејзини делови (2017) со цел да се обезбеди координиран пристап во преземените активности и рационалност во искористувањето на националните ресурси. За жал, има и случаи кога националниот систем не бил во можност ефикасно да одговори на катстрофи предизвикани од екстремни временски феномени како што беше настанот со поројните поплави во близина Скопје (Стајковци и околината) во 2016 година, истакна в.д. директорот.

На прашањето дали повеќе превенираме ризици и кризи или работиме на санација на штетите, Ангелов одговори дека идеална превенција и избегнување на сите ризици не е можна.

-Системот за управување со кризи неминовно мора да се гради и да ги одржува капацитетите, а соодветно на тоа и да организира процес на санација на штети и посткризна рехабилитација, подвлече Ангелов.

Тој потсети и дека основна надлежност и мисија на Националниот систем за управување со кризи и Центарот за управување со кризи е насочена кон превенција и рано предупредување за сите ризици кои може прераснат во кризи и катастрофи и да резултираат со предизвикување на штети. За таа цел, додаде, ЦУК изработува и ажурира Процена на загрозеност за подрачјата на општините, градот Скопје и државата од сите ризици и опасности.

-Оваа процена се изработува во законски регулиран и институционално организиран процес на комуникација, координација и размена на податоци и информации. Основната цел на изработката на процените е навремена идентификација на сите актуелни и потенцијални ризици со цел да се превенираат и навремено да се информираат надлежните субјекти кои треба да ги преземат потребните мерки и активности, објасни Ангелов.

На панел дискусијата, експерти и функционери зборуваа за актвиностите на УНДП и на Владата за управување и намалување на ризиците од катастрофи, односно на темата „Отпорност на екстремни климатски настани за да се активираат реални решенија во управување со климатските екстремни настани во земјата за управување и намалување на ризиците од катастрофи.“

Покрај Ангелов, учествуваа и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, швајцарската амбасадорка Сибил Зутер, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.