Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска-Бежоска: Народната банка ќе започне активности за поддршка на „зелените финансии“

0
By Нова ТВ on February 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предвидовме започнување активности со кои ќе им се овозможи поддршка на „зелените финансии“ во рамките на остварувањето на нашите основни цели. За таа цел, се планира поттикнување и развој на истражувачката активност во областа на „зелените финансии“, како сфера којашто треба да се вгради во приоритетите на секоја општествено одговорна институција, а заради придонес кон создавањето „зелена“ и одржлива економија, што во крајна линија би обезбедило повисок животен стандард и унапредување на квалитетот на животот за граѓаните.

Ова, како што соопшти Народната банка, го истакнала гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за порталот „Банкарство.мк“.

Во интервјуто, гувернерката посочува дека климатските промени, како една од најголемите глобални закани, добиваат се поголемо значење и во активностите на централните банки, при што тие, во последните години, се повеќе го анализираат влијанието на климатските промени врз финансиската стабилност и монетарната политика. Токму од оваа причина, како што истакнува Ангеловска-Бежоска, кон крајот на минатата година Народната банка го дополни својот Стратегиски план со вклучување активности за следење и управување со ризиците од климатските промени, како и анализа на можното влијание од климатските промени врз банкарскиот систем.

Ангеловска-Бежоска се осврнува и на другите развојни проекти коишто Народната банка планира да ги оствари оваа година, како дел програмските активности.

-Меѓу другото, особено ќе се фокусираме на поддршката на развојот на финтек-секторот, на што нѐ упатуваат резултатите од спроведената анкета со поддршка од ЕФСЕ. Најголемиот дел од испитаниците сметаат дека: финтек-секторот може да обезбеди поголем пристап до поширока палета финансиски услуги, пред сѐ за потрошувачите и малите бизниси; има потенцијал за зголемување на финансиската инклузија, а преку тоа и економскиот раст; а може да придонесе и за усогласување на финансискиот систем со најдобрите меѓународни практики. Ова е дополнителен показател дека е особено важно да продолжиме засилено со вложувањето во оваа сфера и за таа цел ќе се работи на изготвување Стратегија за поддршка на развојот на финтек-секторот, посочува гувернерката.

Минатата година, означена од пандемијата, го стави на „брза лента“ процесот на дигитализација на економиите и на целото општество, кон што треба соодветно да се приспособуваме. Следствено, заради следење на новините и размена на искуства во областа на дигитализацијата, претставници на Народната банка се вклучија во работата на Иновациската мрежа (англ. Innovation Hub) на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), каде што се разгледуваат клучни прашања за иднината на финансискиот свет.

Како што е нагласува гувернерката во интервјуто, друга значајна област на која Народната банка ќе ѝ даде посебно значење во следниот период е финансиската едукација и финансиската инклузија.

Во интервјуто, Ангеловска-Бежоска се осврнува и на очекувањата за трендовите во банкарскиот сектор во 2021 година, како и во сферата на банкарската регулатива.

Како што посочува, по донесувањето на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, ќе се спроведуваат и проекти за измени или донесување соодветна подзаконска регулатива во доменот на платежните услуги и платните системи што е во надлежност на централната банка. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.