Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска-Бежоска: Продолжува трендот на дигитализација кај банкарските услуги

0
By Ivana on February 27, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дигитализацијата на услугите во банкарскиот систем носи поголема достапност и пониски провизии, а со тоа и поголема финансиска инклузија на населението. Податоците упатуваат на растечки  тренд на дигитализација на банкарските услуги, кој особено дојде до израз на почетокот на пандемијата, но продолжи и во текот на 2021 година. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во емисијата „Агенда 35“, во која говореше, меѓудругото, и колку нашите банки ги следат европските трендови во услугите за населението и корпоративниот сектор.

-Присутен е тренд на поголемо насочување на банките кон потребите на нивните клиенти и тоа пред се во сферата на дигитализацијата. Тоа особено дојде до израз во текот на пандемијата, која што самата по својата природа бараше ограничување на физичкиот контакт. Така за првите три квартали минатата година, користењето на платежните картички за трансакции во трговијата порасна, по однос на вредноста за околу 16%, а по бројот на трансакциите за околу 15%, што е дури 4 пати повисок раст од бројот на трансакции за повлекување готовина. Особено се гледа значајно поместување во делот на користењето на картичките за правење на трансакции преку интернет, каде има раст од околу 40-тина проценти. – вели Ангеловска-Бежоска.

Таа истакна дека централната банка ги следи овие трендови и таму кадешто може влијае – а тоа е регулаторната рамка.

– Се трудиме да поттикнеме поголема конкуренција, поголем влез на нови играчи на овој пазар, што ќе значи зголемена услуга, поголема достапност на граѓаните, пониски провизии за услугите коишто тие можат да ги користат и на крајот на краиштата, сето тоа позитивно ќе се одрази врз финансиската инклузија на населението – вели гувернерката.

Во оваа насока е изготвен и нов закон за платежни услуги од страна на Народната банка и Министерството за финансии, чијашто цел е токму поголема конкуренција на пазарот на платежни услуги.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.