Абрамович, кој е и сопственик на фудбалскиот клуб Челси, не е виден со месеци во својот дом во Лондон
Рускиот милијардер, Роман Абрамович, доби забрана за престој во Велика Британија, објавуваат британските таблоиди.
Абрамович, кој е и сопственик на фудбалскиот клуб Челси, не е виден со месеци во својот дом во Лондон, а извори од Британија велат дека тој никогаш нема да смее да се врати таму.
Имиграциониот оддел, наводно, добил насоки на Абрамович да му забранат да се врати во неговата вила во близина на палатата Кенсингтон, којашто ја купил за 125 милиони фунти.
Тој е еден од 35-те руски олигарси во Англија. Во 2018 година стана и државјанин на Израел, па можеше да влезе во Британија на шест месеци. Богатството на Абрамович се проценува на 8,4 милијарди фунти, а се состои од недвижнини, серија суперјахти, но и систем за детекција на проектили.