Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анѓушев: Има пари за купување нафтени резерви, преговараме со компаниите

0
By Нова ТВ on February 18, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Има пари за купување резерви на нафта и нафтени деривати. Според она што го има како средства на сметката на Дирекцијата за складирање, апсолутно сме најдобри во регионот, а мислам и дека сме многу блиску до договор за цена со компаниите, рече денеска вицеремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Одоворајќи на новинарски прашања по настанот на кој Стопанската комора на Македонија одбележа 97 години од работењето, Анѓушев напомена дека со години наназад не е плаќано ништо за складирање на нафтените деривати.

-Пред десетина дена имавме состанок со компаниите од нафтениот сектор на кој присуствуваше и премиерот. Понудивме одредена цена. Мислам дека сме блиску со компаниите да дојдеме до решение за вредноста, истана Анѓушев.

Тој оцени дека е направен квантен скок во делот на енергетиката со носењето на Законот.

– Ако ја прочитате внимателно изјавата на Јанез Копач и соопштението ставено на веб страницата на Енергетската заедница, ќе видите многу пофални зброви за Владата, дека таа на некој начин е лидер во делот на енергетиката и во реформите во регионот. Она што треба да се направи е да се реши проблемот за складирање на нафтените резерви на државата во складиштата на приватните компании. Тоа треба да се направи со уредба во Министерството за финансии и таа се подготвува. Има препораки за вредност и цена. Но, и тоа прашање ќе биде решено. Се доцни со одредени подзаконски акти, но мислам дека е многу поважно тие да бидат квалитетни, отколку да бидат брзо донесени, подвлече вицепремиерот.

Според него, најголемиот дел од подзаконските акти што имаат реален импакт во енергетиката се во делот на обвновливите извори на енергија и тие се донесени. Овозможуваат градење фтоволтаици за што, најави, ќе излезе тендер до крајот на март годинава, подготвен заедно со ЕБРД.

-Ќе се ослободи простор и за градење фотоволтаични електрани како на државно, така и на приватни земјишта ако некој тоа го има планирано. Се ослободува и простор за биогас и ветерни електрани што е револуционерен исчекор по долгогодишниот застој. Деновиве треба да се отвори нов тендер за мали хидроелектрани, вкунпо 22 вкупно, со што се исцпрува можноста за мали хидриелектрани во државата, дополни заменик – претседателот на Владата.

На новинарско прашања во однос на платите, Анѓушев е дециден дека тие ќе растат и тоа, како што рече, врз основа на реалните состојби на пазарот.

-Платите не растат само заради зголемување на минималната плата, туку повеќе растат како притисок од три аспекта: се отвораат нови работни места, само до сега се потврдени 18 нови странски фабрики што ќе вработат околу 4.000 луѓе, а и македонската економија вработуваше интензивно лани и тоа се двете причини заради кои ќе има недосиг на работна рака. Воедно, добар дел од луѓето се иселуваат и секако треба да направиме тоа да престане. Таквите околности пред се ги зголемуваат платите во реалниот сектор и во реалната економија, нагласи вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.