Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анима Мунди бара демант од Агенцијата за ветеринарство

0
By Сашка Цветковска on May 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Официјален резултат нема. Има еден резултат направен врз база на флуоресценција, но според сите меѓународни протоколи, тој не е во целост релевантен, велат професори од ветерина.

Здружението за заштита на правата на животните Анима Мунди остро реагира на тврдењата на надлежните дека се јавило беснило кај мачките и прашуваат како е можно за само два дена да се утврди постоење на беснило. Бараат од Факултетот за Ветеринарна медицина, Ветеринарниот Институт, Агенцијата за храна и ветеринарство да излезат јавно и да ги демантираат произволните тврдења.

-Алармираме да запрат шпекулациите во јавноста дека во населбата Радишани е откриено беснило кај две мачки, информација која што во целост е непроверена и пласирана во јавноста без претходно да се изнесе документ за дијагноза на беснило.

Во Македонија нема референтна лабораторија која што може да го потврди ова, а ААПЖ располага со тврдења дека досега не е откриен ниту еден случај на беснило! Сите тие испитувања се вршат во Лондон, односно таму е лоцирана лабораторијата каде што се вади крв, серум и се праќа примерокот. Тоа е процедура за која е потребно време, па оттаму нејасно е кога нашите надлежни институции за само два дена утврдиле постоење на беснило?!

-По ваквите информации што се проширија во јавноста, кај населението само се создава страв и паника, без никаков доказ дека всушност постои беснило. Ако досега животните беа подложни на малтретирања, труења и пукања, со овие непроверени информации, ваквите девијантни појави би се зголемиле уште повеќе!, пишува во соопштението

Анима Мунди обвинуваат дека зад целиот овој случај можно е да стојат поинакви интереси.

-Не сакаме ни да помислиме дека целата оваа паника се прави со цел да се „исчистат“ сите улични животни во Македонија, на крајно нехуман начин и преку користење лаги и шпекулации.

Нова се обиде да стапи во контакт со вработените во ветеринарниот институт. Патологот рече дека нема коментар, а за се што не интересира да го бараме надлежниот раководител.

– Досега официјален резултат нема. Има еден резултат направен врз база на флуоресценција, но според сите меѓународни протоколи, тој не е во целост релевантен. Се што можам да кажам е дека мора да се почекаат официјалните резултати пред да се излезе со конечен став, изави професорот од Ветеринарниот инситут Игор Есмеров.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.