Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК ќе утврдува како Мицкоски добил државно земјиште и концесија за хидроцентрали

0
By Соња Петрушевска on May 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Антикорупциска отвора два предмети за лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Комисијата ќе проверува како Мицкоски стигнал до државно земјиште од 33 илјади метри квадратни и како добил концесии за изградба на хидроцентрали. Предметите се отвораат по допрен глас, откако вчера портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов на прес конференција побара од Антикорупциска да ја испита сопственоста на хидроцентралата во која како што рече свој удел имаат Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет на ВМРО‐ДПМНЕ Димитар Димовски.

Мицкоски е еден од сопствениците на компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, основана во мај 2014 година, за едно со Димитар Димовски, тогаш висок функционер во Министерството за транспорт. Оваа компанија заедно со компанијата „Минка ДА“, основа конзорциум „МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО“ Скопје кој од Владата добива концесии за користење вода за изградба на хидроцентрали на реката Брегалница и на Клепалска река. Нивната фирма „Енерготек ДОО Скопје“ од Владата добива 33.000 метри квадратни државно земјиште за изградба на хидроцентрала.

Во мометот на доделување на концесијата за хидроцентрали и на земјиштето Мицкоски е советник на тогашниот премиер Никола Груевски и директор ЕЛЕМ.

-Ова се големи индиции да провериме злоутреба на службената положба и овластувања и судир на интереси, рече Катица Николовска, членка на Антикорупциска.

За Антикорупциска е спорно и како Мицкоски во септември 2016 избран од надзорниот одбор на АД ЕЕЛЕМ продолжил да биде надворешен советник за енергтика на тогашниот премиер, кога владата ги предлага членовите на Надзорниот одбор на компанијата која го предложила за директор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.