Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска отвори предмети за предизборни вработувања во АВМУ и за Матка

0
By Нова ТВ on March 20, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната комисија за спречување на корупција отвори два нови предметa по кој ќе постапува по допрен глас – случајот Матка и корупцијата во политиката која се однесува на вработување двајца правници во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за време на изборен процес.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на денешната седница истакна дека за двата отворени предмета ќе бараат информации односно документи од општината Сарај односно од АВМУ. Во однос на случајот Матка одлучиле да постапуваат бидејќи, како што рече, институциите се прогласиле за ненадлежни.

Ивановска најави дека можно е да отворат предмет и за случајот со плажите во Струга.

На новинарско прашање до каде со 18 предмети за судир на интереси отворени на 18 јануари годинава, информира дека два предмета се затворени. Во првиот случај за вработувањето на ќерката на пратеничката Емилија Александрова во Фондот за иновации и технолоши развој добиле информација дека таа воопшто не конкурирала таму. Во вториот случај – за сопругата на поранешниот градоначалник на Берово, Звонко Пекевски, истакна дека добиле информации оти таа била ангажирана со договор на дело како наставник во основно училиште две години, по што по автоматизам и се трансформирал работниот однос во редовен работен однос.

За вработувањето на ќерката на претседателот на Парламентот, Талат Џафери во ЕЛЕМ, Ивановска истакна дека тие добиле информации од компанијата, но ги сметаат за недоволни. Појасни дека според стручноста, ќерката на Џафери има завршено Правен факултет, магистрирала со 10 и поседува правосуден испит, но дека не се знае по кој критериум била избрана на конкурсот за вработување, и нема информации за останатите кандидати кои се пријавиле на конкурсот.

Запрашана за тоа дали со распишаните тендери во Собранието за време на избори се крши Изборниот законик, таа нагласи дека се што е во рамки на редовно извршување на работите не се смета за прекршување.

Најави дека ДКСК планира да спроведе поопсежна анализа во однос на систематизацијата на вработувањата во јавните компании.

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги попладнево испратија соопштение дека двете вработувања се на определено време во функција на испочитување на нивната законска обврска за следење на изборното медиумско претставување за претседателските избори.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.