Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска по допрен глас отвора предмет за Мицкоски

0
By Соња Петрушевска on May 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Антикорупциска ќе отвори предмет за претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски по допрен глас.

Антикорупциска ќе утврдува дали има вистина во тврдењето на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов дека Мицкоски нелегално купил земјиште, а ќе се проверува и ,,бизнисот со хидроцентралите“.

За Мицкоски ќе се проверува и дали имало прекршување на законите кога тој бил директор на ЕЛЕМ, а истовремено и надворешен советник на тогашниот премиер Никола Груевски.

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов вчера на прес конференција побара од Антикорупциска да ја испита сопственоста на хидроцентралата во која како што рече свој удел имаат Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет на ВМРО‐ДПМНЕ Димитар Димовски, повикувајќи се на документ за сопственоста на објектот.

-Христијан Мицкоски е еден од сопствениците на компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, основана во мај 2014 година. Оваа компанија заедно со компанијата „Минка ДА“, основа конзорциум „МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО“ Скопје кој од Владата добива концесии за користење вода за изградба на хидроцентрали на реката Брегалница и на Клепалска река, рече Костадинов, повикувајќи се на Одлука, објавена во Службен Весник.

-Во време кога Мицкоски бил советник за енергетика во Владата на Груевски, а Димовски извршувал висока функција во Министерството за транспорт и врски, нивната фирма „Енерготек ДОО Скопје“ од Владата добива 33.000 метри квадратни државно земјиште за изградба на хидроцентрала, рече Костадинов истакнувајќи дека тоа е класичен судир на интереси.

-Особено е важно да се утврди дали во овој случај постои судир на интереси, имајќи предвид дека двајца од сопствениците Мицкоски и Димовски биле високи државни службеници во време кога добиваат бизнис со хидроцентрали, рече вчера Костадинов.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.