Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска: Прекршочна пријава и предмет за директорката на Хематологија- Пановска

0
By Соња Петрушевска on May 22, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Антикорупциската комисија на денешната седница поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска Ставридис поради тоа што не поднела анкетен лист за имотната состојба, што е законска обврска.

Пановска била именувана за в.д. директор на Хематологија во август 2017 година и оттогаш мандатот постојано и се продолжувал, а таа не доставила анкетен лист.

Претходно, Комисијата отвори предмет за Пановска Ставридис по претставката што група лекари од Клиниката го испратија до Комисијата.

Во Претставката со која се бараше да се отвори предмет за роднинските врски на првите луѓе на Kлиниката за хематологија и веледрогеријата „д-р Пановски“, а до кој дојде НОВА, се наведуваат повеќе примери зошто треба да се констатира судир на интереси кој влијае на квалитетот на здравствените услуги и на набавките на лекови.

Во писмото пишува дека од страна на директорката Ирена Пановска комплетно е сменет Стручниот колегиум, кој сега е инструмент во нејзините раце за набавка на скапи лекови од веледрогеријата на нејзиниот татко, Др Пановски.

Лекарите тврдат дека со новата систематизација, која била  донесена на сила, нетранспарентно и незаконски директно и лично од вд. директорката Ирина Пановска освен Стручниот колегиум, сменета е и главната медицинска сестра, сите раководители на одделенија, а способните и докажани стручни кадри кои се носители на дејноста се деградирани што влијае на квалитетот на лекувањето и изборот на лекови.

„ Стручниот колегиум по закон му предлага на директорот кои лекови треба да се набават и  друг потрошен материјал потребни за вршење на здравствената дејност, но во оваа Клиника, новиот Стручен колегиум не е веќе стручен орган на установата и не се сомнева во квалитетот на лековите, бидејќи Стручниот колегиум сега е станат еден евтин инструмент во рацете на вд.директорката. Тоа е заштитен круг на послушници. Резултатите, за жал се евидентни и во лекувањето и квалитетот на згрижување на пациентите, а смртноста е евидентно зголемена во последната година. Како лекари ја молиме Антикорупциската комисија што побрзо да го провери тој податок“ пишува  во Претставката од група лекари на Хематологија.

Во неа стои и дека именувањето на Др.Ирина Пановска за член на Комисијата за ретки болести од страна на министерот за здравство Венко Филипче е „длабоко кршење на сите правни норми, мегаскандал поради  фамилијарните фармацевтски врски кои фрлаат сериозно сомневање врз начинот како се делат тендерите и фаворизираат одредени фирми“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.