Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикоруциска ќе ги испитува вработувањата и Годишната програма на Култура

0
By Нова ТВ on February 15, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Антикорупциската комисија отвори постапка по допрен глас за проверка на 18 вработувања на роднини на актуелни функционери од власта.

Ќе се проверуваат сите вработувања за кои се слушна  во јавноста: на сопругот, синот и братот на пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска, вработувањето на ќерката на спикерот Талат Џафери, потоа на сестрите на министрите Асаф Адеми и Крешник Бектеши, вработувањата на сестрата, дедото и бабата на пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски, синот на пратеникот на НСДП Горан Мисвски, ќерката на пратеничката од независната група Емилија Александорва,  мајката на пратеникот и портарпол на СДСМ Констадин Костадинов, сопругата на пратеникот Зеќир Рамичиловиќ и синот на пратеничката Милева Ѓорѓиева.

Исто така, под лупа на Антикорупциска ќе бидат и вработувања на сопругите на градоначалниците на Неготино и Берово,  на внуката на градоначалникот на Прилеп и сопругот на државниот секретар во МВР Магдалена Несторовска.

Проверките ќе бидат насочени кон вработувањата во МЕПСО, ЕЛЕМ, АЕК, УЈП, а дел од спорните вработувања биле преку агенции за привремено вработување, за што комисијата укажа дека токму овде гледаат можност за реагирање на начинот и постапката, како роднини на функционерите стасале до работните места.

Претседателката Антикорупциската Комисија Билјана Ивановска емисијата Топ Тема на Телма, рече декаво овие случаи прекршен е член 56 од новиот Закон, каде вели дека избрано именувано лице, или одговорно лице во јавно претпријатие или друго правно лице е должно да ја извести Државната комисија за секој избор, именување или вработување  на член на неговот семејство во државен орган, орган на локална самоуправа, јавно претпријатие или друго правно лице во рок од 10 дена од рокот на извршениот избор, именување, вработување.

Стојчевска и Мисоски ја известиле Комисијата пред два дена дека нивни блиски се вработени во државни претпријатија.

Но освен вработувањата на овие 18 лица кои се случиле во изминативе месеци или напредувале на високи раководни позиции, ќе се испитуваат сите можни партиски вработувања и од претходно.

Антикорупциска отвора предмет и за Годишната прграма за култура и ќе се проверува како е направен изборот на настаните и институциите кои ќе добијат државни пари.

-Сензитивноста на ова прашање , што се крена во јавноста, ние веднаш го поставивме како точка на дневен ред. И сметам дека треба да ја задолжиме службата во врска со ова, да постапи согласно процедурите, вели претседателката Ивановска.

Комисиите во Култура признаа само еден пропуст – пари ќе има и за Златно Славејче

Комисијата денеска апелираше да се почитуваат и препораките што важат по распишувањето на претседателските избори: да не се почнува изградба на патишта, спортски објекти, градики, училишта со пари од Буџетот или од јавните фондови. Не можат да се вршат вонредни  исплаќања на плати, пензии и социјална помош, ниту пак може да се почнува со нови постапки за враборувања или откази во државни и јавни институции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.