Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисиите во Култура признаа само еден пропуст – пари ќе има и за Златно Славејче

0
By Соња Петрушевска on February 12, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 12, 2019 15:16

Дел од членовите на комисите во Министерството за култура, по реакциите во јавноста, денеска излегоа на прес конференција, но само да кажат дека работеле чесно и според Законот.

На сите прашања околу тоа зошто одредени фестивали и традиционални манифестации биле одбиени се правдаа со „некоплетната документација“.

Пропуст кај себе единствено признаа од Комисијата за фолклор и музички сценски дејности. Од оваа Комисија сооштија дека провериле 100 одбиени проекти и нашле свој пропуст само кај Златно славејче- детскиот фестивал, кој не доби пари за оваа година.

„Увидовме наш пропуст и ќе го коригираме. Тие доставиле изјава за простор, а ние не сме ја виделе. Тоа е наш пропуст. Пари ќе има за Златно славејче и ќе биде финансирано од Министерството за култура“ рече претседателот на Комисијата за фолклор и музички дејности, Плеурат Гаши.

Скопскиот џез фестивал, според Гаши, доставил само изјава од организаторот, а Авалон не навеле каде ќе се одржат концертите на Ероз Рамацоти и Лени Кравитц. И  фолклорното друштво „Пеце Атанасовски“ е меѓу одбиените проекти затоа што од Комисијата тврдат дека немале доставено комплетна документација.

„Ако недостига документ ние не можеме да потпишеме. Ако министерот за култура одлучи поинаку, за овие настани за кои и ние сакаме да се одржат, ние како Комисија ќе одлучиме колку пари ќе им доделиме“.

„Ако министерот ни нареди да ги провериме и апликациите за кои веќе сме доделиле пари, ќе го направиме тоа“, рече Гаши.

Оваа Комисија составена од 5 члена распределуваше вкупно 2 милиони евра -0д нив 1,5 милиони за музичка дејност и 500.000 евра за фолклор.

На прашање врз основа на кои критериуми албанските ансамбли добиле 4,7 милиони денари, а македонските 2,7 милиони денари, Гаши одговори дека била оценувана документацијата.

„Немаше никакви притисоци во работата. Оценувавме врз база на документација, а потоа гледваме колку концерти се планирани, колку луѓе – можеби настаните на албанските фолклорни друштва биле поголеми како настан “, кажа Гаши и додаде дека сакале да добијат пари оние проекти кои во минатото биле одбивани.

Хоџа Медина од  Комисијата за визуелни уметности изјави дека за нив „изборот е завршен“. Се било законски, а парите ги делеле според нови критериуми, односно бодови. Со најмногу бодови, 40 се оценувал „описот на проектот“.  И тие кажаа дека одбиените апликанти  немале комплетна документација и ги упатија оние што се одбиени да поднесат жалба.

Членовите на Комисијата за визуелни уметности имаа 500 000 евра буџет, од кои поделиле 350 000 евра. Останатите пари се за проекти на кои можеби ќе им биде прифатена жалбата.

Комсијата за драмски уметности располагаше со 1.300 000 евра. Само 8 милиони денари односно 130 000 евра останале неподелени.  За начинот на кој се делеле пари  реагираа десет национални установи и домови на култура, но членот на Комисијата Хисмет Рамадани не знаеше да каже кои документи недостигале за овие установи да бидат одбиени.

„Отворени сме, може да разговараме и да видиме што може да се направи. Ние не можевме друго да направиме, да измислиме друг буџет. Имаме и нов театар во Гостивар и требаше да се финансира“, рече Рамадани.

Центарот за култура од Битола по 20 години постоење, не доби ниту денар за Интернационалниот фестивал на монодрама.

„Министерство јас не сум магионичар! Јас сум уметник и директор кој сака да работи без скршени крила“, напиша на својот Фејсбук профил директорката на Центарот за култура во Битола Маја Андоновска-Илијевски.

„21 година Фестивал на Монодрама, член на интернационален форум ’Уан ман шоу’ под УНЕСКО, оваа година не доби средства во годишната програма на Министерството за култура. Прво мислев дека не можам да го најдам, потоа дека е некоја грешка во објавувањето на програмата. Значи на крај е сепак 0 денари“, напиша директорката на Фејсбук.

Денеска реагираше и градоначалникот на Ресен кој пишува дека е „длабоко разочаран од одлуката на Министерството за култура да не додели пари на Здружението  на граѓаните „Езеро без граници“, кое веќе 16 години го организира Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“, едниствената меѓународна манифестација на бреговите на Преспанското езеро“.

„Фестивалот прерасна во симбол во срцето на секој граѓанин од трите страни од езерото, на генерациите кои растеа во духот на мислата на Жан Моне, таткото на Европа:„ Да се гради Европа значи да се гради мир.“ пишува Живко Гошаревски, градоначалник на Ресен.

Само овие три комисии – за музичка, драмска дејност и за визуелни уметности имаат буџет од речиси 4 милиони евра.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.