Велика Британија подготвува рекламна кампања, со која ќе ги презентира недостатоците на оваа земја и да ги спречи имигрантите да се доселуваат.
Еден од плановите за намалување на приливот на имигранти е депортација на доселениците кои ќе бараат државни бенефиции, а другиот план е да се бара доказ дека можат да се издржуваат најмалку шест месеци.
„Гардијан“ пишува дека најдобар метод е, да се уверат потенцијалните имигранти да не посакаат да дојдат во Британија.
Владините министри работаат на негативна рекламна кампања, која ќе се фокусира на тоа колку е лош животот во Британија, наведува весникот.
Весникот дури ги повика и граѓаните да учествуваат во оваа кампања, така што ќе испраќаат фотографии на хулигани, пијани луѓе, непријатни искуства во јавниот превоз и слично.
Повеќе детали за рекламната кампања се уште не се познати, но ќе се направи се што може за да се создаде слика, дека животот во Британија е тежок и непријатен и со тоа да се спречи дополнително доселување на нови имигранти.