Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антисемитски пораки во Истанбул: Забранет влез за Евреите

0
By Ана Василевска on October 27, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во еден од своите најостри коментари досега за конфликтот во Газа, во средата (25 октомври) рече дека палестинската милитантна група Хамас не е терористичка организација, туку ослободителна група која се бори за заштита на палестинските земји.

„Хамас не е терористичка организација, тоа е ослободителна група, „муџахедини“ кои водат битка за заштита на своите земји и луѓе“, им рече на пратениците од неговата владејачка АК Партија, користејќи арапски збор што ги означува оние кои се борат за својата вера, пренесува Еуроактив.

И покрај тоа што е членка на НАТО, Турција, за разлика од многу нејзини сојузници во Алијансата и ЕУ, не го смета Хамас за терористичка организација и е домаќин на членовите на групата на своја територија. Анкара поддржува решение со две држави за деценискиот израелско-палестински конфликт.

Ердоган, исто така го обвини Израел дека ги искористил „добрите намери“ на Турција и рече дека ја откажал претходно планираната посета на Израел.

„Еднаш во животот му подадов рака на овој човек по име Нетанјаху“, рече Ердоган, осврнувајќи се на неговата средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на маргините на Генералното собрание на ОН минатиот месец.

„Ако тој (Нетанјаху) продолжеше со добри намери, нашите односи можеби ќе беа поинакви, но сега, за жал, ниту тоа нема да се случи бидејќи ги искористија нашите добри намери“, додаде тој.

Коментарите на Ердоган се чини дека се во корелација со ескалацијата на антисемитизмот во Турција. По терористичката акција на Хамас врз израел, војната помеѓу Израел и Хамас и израелското бомбардирање на цивилни цели во Газа, на социјалните мрежи во Турција пораките со антисемитска содржина земаа замав. На мрежата Икс се појави фотографија од продавница за книги во Истанбул на чиј влез е истакнат натпис со антисемитска содржина на кој пишува дека „влезот за Евреите не е дозволен“.

 

Ова потсетува, како што искоментираа неколку корисници под фотографијата, на едно друго време, 1930-тите години од минатиот век и една друга држава (се мисли на нацистичка Германија), кога вакви натписи, со забрана за влез на Евреите, беа истакнувани на продавници, трамваи, училишта, државни институции, и  истите претставуваа злослутен предвесник на Холокаустот.

Ако е за некава утеха, ваквата објава на Икс не наиде на одобрување. Покрај малубројните коментари со поддршка за срамниот натпис, како: Оваа земја се разбуди во пеколот, алхамдулилах, Легендарни трговци на Бејазит ,Евреите не се луѓе, најголем број од коментарите на турските корисници на социјалната мрежа се со осуда на ваквиот чин на нивните сограѓани.

– На профил треба да ставиш слика од Хитлер, расист фашист,

– Не може да направи разлика помеѓу државата Израел и Евреите меѓу сите книги,

– Ова ме потсетува на земја во 1930-тите,

– Зарем ова не е расизам?,

– Легендата е расистички чин, да. Нема со што да се гордееме,

– Срамно, срамно и одвратно! Нема што повеќе да кажам, тогаш како светот да не мисли дека нашиот турски народ не е неук?,

– Какви глупости се ова?Зошто народот плаќа за глупостите на израелската влада?

– Ова е расизам,

-Голема срамота е за турските граѓани кои живеат на овие земји 500 години. Тие со години плаќаат даноци и ги исполнуваат своите граѓански обврски,

– Голема срамота е да се дискриминира нашиот народ поради оваа или онаа причина.Се чини дека овој срам ве прави среќни,

– Беше толку одвратно. Се срамам за мојата земја

– Бездушен, непочитуван и злонамерен.

– Вистинските Турци отсекогаш биле и ќе бидат пријатели со Евреите.

– Многу срамно! Создателот е ист- се дел од коментарите кои го осудуват, како што самите велат „срамниот“ чин на расизам.

Во друго видео објавено на Икс, се гледа како во чаршијата во Истанбул на земја е фрлено израелското знаме кое минувачите со задоволство го газат.

 

Ова е антисемитизам, а не  поддршката на борбата на палестинскиот отпор, пишува во коментар на објавата.

Истовремено, акциите на берзите во Истанбул паднаа за 7% во средата, што трговците го припишуваат на коментарите на Ердоган за Хамас.

Драган Мишев

Извор: Цивил Медиа

Антисемитизам Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.