Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антони Блинкен продолжува со својата посета во Блискиот Исток; изрази поддршка за Израел

0
By НОВА ТВ on May 27, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот секретар на САД Антони Блинкен ја продолжува својата тура низ Блискиот Исток. Вчера тој се сретна со египетскиот лидер Абдел Фатах ел Сиси за да ја дискутира идната соработка помеѓу САД и Египет особено околу прашања за Израел и Палестина. Порпаролот на Стејт Департментот Нед Прајс го изјави следното за средбата помеѓу Блинкен и ел Сиси:

„Секретарот му ја пренесе благодарноста на претседателот Бајден на претседателот Сиси за критичните напори на Египет за медијација за поддршка на примирјето помеѓу Израел и Хамас и другите групи во Газа и за помошта на Египет во евакуацијата на американските граѓани на безбедно.“

Во вторникот, Блинкен исто така одржа одделни состаноци со палестинскиот претседател Махмуд Абас и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на кои ги истакна целите на администрацијата на Бајден во регионот. На овој состанок, Блинкен објави дека САД ќе го отворат конзулатот во Ерусалим за Палестинците и ќе им испратат на Палестинците дополнителни 112 милиони долари пари за помош, вклучително и 5,5 милиони долари за непосредна помош за Газа. Блинкин исто така го потенцираше следното:

„Прво, да се демонстрира посветеноста на САД за безбедноста на Израел; второ, да започнат да работат кон поголема стабилност и да ги намалат тензиите на Западниот брег и Ерусалим; трето, да се поддржи итна хуманитарна помош и помош за реконструкција за Појасот Газа, во корист на палестинскиот народ; и четврто, да продолжиме да ги обновуваме нашите односи со палестинскиот народ и палестинските власти “.

Без разлика што американската хуманитарна помош од 5.5 милиони долари кон Газа би можела на некаков начин да им помогне на жителите на овој простор, сепак овие фондови не се доволни, ниту пак го менуваат статусот на Газа како окупирана територија од страна на Израел. За време на воздушните напади од страна на израелските сили кои траеја 11 дена беа уништени многу згради, вклучително и медиумски канцеларии, и беа убиени 248 Палестинци од кои 66 се деца.

Мора да се напомене дека некои клучни делови од инфраструктурата на Газа беа уништени за време на овие напади поради кои сега во Газа над 400 000 луѓе немаат регуларен пристап до чиста вода. Преку воздушните удари на Израел исто така беше убиен важен палестински лекар, кој ги надгледуваше случаите со Ковид-19 во најголемата болница во Газа. Друг израелски воздушен напад, пак, ја оштети единствената лабораторија за тестирање за Корона вирусот во Газа.

Тензиите продолжуваат и надвор од Газа: во петокот, израелските безбедносни сили пукаа зашеметувачки пиштоли и гумени куршуми кон Палестинците пред џамијата Ал-Акса, а и продолжува блокадата врз населбата во источен Ерусалим, Шеик Џарах каде живеат повеќе Палестинци.

Исто така е проблематично што САД ветува хуманитарна помош до Газа и Палестинците додека, сепак, администрацијата на претседателот Џо Бајден се залага за „безбедноста на Израел“ со тоа што наводно веќе е одобрена контроверзната продажба на американски бомби кон Израел од вредност на 735 милиони долари.

Минатата недела прогресивните конгресменки Александрија Окасио-Кортез и Рашида Тлаиб (првата американска Палестинка во Конгресот во историјата на САД) објавија дека воведуваат резолуција на американскиот Конгрес за блокирање на продажбата на оружје на Израел во услови на континуирано насилство во регионот. Но овој обид беше неуспешен.

Исто така поранешниот лидер на лабуристите во Велика Британија кој исто така беше и кандидат за премиер, Џереми Корбин го криткиваше овој потег на администрацијата на Бајден во интервју со Jacobin magazine:

„Сметам дека одговорот на претседателот Бајден е навистина разочарувачки. Тој има огромна можност како новоизбран претседател, а расположената музика и јазикот што ги користеше Камала Харис по изборите и инаугурацијата сугерираа поинаков пристап и можност за признавање на палестинската држава. Но Бајден сега изјави дека ќе ги надополни сите оружја што ги користеше Израел и дека ќе продолжи да ја поддржува оваа држава воено,“ рече Корбин во интервјуто со Дејвид Бродер, европскиот уредник на Jacobin magazine.

„За време на администрациите на претходните претседатели, таквата поддршка [за Палестина] беше отсутна кај целата Демократска партија и во големи делови на американското општество. Само се надевам дека Демократите во американскиот Конгрес, кои јасно го кренаа својот глас, ќе продолжат со притисокот врз администрацијата на Бајден за да ја запрат продажбата на оружје и да го признаат правото на палестинскиот народ да живее,“ додаде Корбин во интервјуто.

Прашење е дали оваа опозицијата кон продажбата на оружје на Израел е дојдена прекасно или пак ќе има поголема можна мобилизација на различни политичари, активисти и организации пред оваа продажба да биде финална.

 

Елена Гаговска

 

 

Блинкин газа Египет Елена Гаговска Израел Палестина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.