Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антонио Коста: Португалија ќе продолжи со поддршката на европски пат на Северна Македонија

0
By Ана Василевска on December 5, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Португалија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот европски пат, објави португалскиот премиер Антонио Коста на платформата Икс.

– Се сретнав со премиерот Димитар Ковачевски во Скопје, каде можев да посведочам на силната посветеност на Северна Македонија на процесот на пристапување кон ЕУ во овој предизвикувачки геополитички контекст. Му порачав дека Португалија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот европски пат, наведе Коста во објавата, по неговата вчерашна посета на Скопје.

Неговиот Кабинет соопшти дека Коста за време на посетата на Северна Македонија, Албанија и Црна Гора претходните два дена ја истакнал поддршката на Португалија на напорите на трите земји за членство во ЕУ.

– Посетата на трите земји од Западен Балкан имаше за цел да се пренесе поддршката на Португалија за нивните напори за приближување кон Европската унија, во рамките на политиката на проширување, се вели во соопштението.

Во друга објава на Икс, Коста наведе дека за време на оваа прва посета на еден португалски премиер на три земји од Западен Балкан, ја споделил поддршката на Португалија за забрзување на патот на регионот кон Европската Унија, врз основа на индивидуалните заслуги на секој кандидат за членство.

Поддршката на Лисабон за членство на трите земји од регионот доаѓа во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 13 декември во Брисел и во услови кога Унијата многу повеќе е фокусирана на кандидатурата за членство на Украина.

Средбата на лидерите на Унијата и на земјите од Западниот Балкан ќе се одржи еден ден пред декемврискиот Самит на ЕУ каде една од темите ќе биде и процесот на проширување, вклучително и одлуката за старт на преговори за членство на Украина и Молдавија во блокот.

Антонио Коста ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.