Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апанажа побарале 44 пратеници од минатиот собраниски состав (ДПЛ)

0
By Нова ТВ on September 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку добие предлог од Владата за укинување на патните трошоци на сите избрани и именувани функционери, вклучувајќи ги и пратениците, претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе достави предлог до пленумот за гласање. Но, вели Џафери, не очекува такво нешто, иако во јавноста некои пратеници најавуваа дека ќе се откажат од патните трошоци.

Според него, поединечно барање на пратеник или фунционер се коси со Уставот.

– Ако сакаат да доаѓаат со тротинет, ќе им обезбедам паркинг на пратениците, вели Џафери на брифинг со новинарите, додавајќи дека доколку функционерите сакаат да се откажат од службените возила нека одат на работа со тротинет.

Претседателот на Парламентот смета дека 120 пратеници се избрани од граѓаните и оти во јавноста се создава впечаток како пратениците да се злото од општеството и оти се лошо потекнува од Собранието и пратениците. Тој се согласува со новинарите дека треба да се доуредат законските одредби за да се одбегне секаква можност за злоупотреби.

– Сега не би сакал да констатирам што е можно, што не е можно. Пратениците си добиле мандат од граѓаните и си ги претставуваат граѓаните. Си има општи правила за функционирање на власта. Да се дорегулираат може да се дорегулираат, да се укинат не мислам дека треба да се укинат целосно, да се дорегулираат – да, но чекам конкретна акција како ќе биде понатаму.

Лошо е што се создава слика дека сето зло во ова општетсво и во оваа држава потекнува од Собранието и од пратениците. Ако има таква перцепција и заклучок, тогаш консензуз да си направиме да седнеме да си го смениме системот и од парламентарна демократија да се претвориме во друг систем и да нема веќе такво зло во општеството, пратеници да немаме.  Посакувам владата да биде предлагач на таков предлог, рече подоцна во изјава за медиумите Џафери.

До Собранието барање за апанажа поднеле 44 пратеници од минатиот состав, а се уште трае рокот за поднесување барање за надомест по престанок на функција од поранешните министри.

Во однос на седница за избор на потпретседатели на Собранието, Џафери рече дека ќе ја свика само откако до него пратеничките групи ќе достават формален предлог.

За односот со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вели дека за разлика од минатиот состав, сега тие доаѓаат на координациите со претседателот на Собранието.

Во меѓувреме, се работи и на барање на алтернативен начин за одржување на седници во вонредни услови односно онлајн седници и комисии и гласање, но Џафери на брифингот рече дека за тоа ќе бидат потребни два до три месеци. Сега засега седниците ќе се одржуваат во салата со Купола, а гласовите ќе се бројат рачно.

– Алтернативната работа на Собранието секако врзано со пандемијата која што почна уште во март и по претпоставки за состојбата на есен според заклучоците на СЗО оваа состојба ќе потрае според последните проценки и следниве две години. Како претседател на Собранието обврзан сум да размислувам за функционалноста на Собранието и во редовна ситуација и во вонредна ситуација и затоа на првите средби на координација ја изнесов идејата за размислување по однос на алтернативните можности за работа на Собранието.

За жал, таа идеја се искористи да се спинува како обид на мнозинството, на претседателот за да се одбегне редовната работа на Собранието и со тоа да се надополни недостигот можен на кворум и со тоа фактички од дома да можат да работат пратениците. Не, не е таа идејата, потенцираше Џафери.  

Основната идеја, според него, е Собранието да работи во нормални услови како што е пропишано, но факт е дека во овие три децении немаме пропишано работа на институцијата и функционирање на институцијата во вонредни услови.

– Пандемијата ни покажа дека е неопходно да се има во предвид и алтернативна можност за работа во такви услови. Денеска е пандемија, утре може да биде друга причина за алтернативна работа на Собранието, задутре може да има трета  причина – може да биде пожар, може да биде земјотрес, може да биде не знам што кое ќе предизвика вонредна состојба и во такви вонредни околности како ќе работи Собранието, кај ќе работи Собранието.

Затоа викам дека алтернатива за функционалност на институцијата, за институцијата, за граѓаните треба да имаме, а не никако како што се обидува тоа да го пренесат и да го претстават како обид на мнозинството да се надополни можното немање кворум, потенцира Џафери.

Претседателот на Собранието денеска ја одржа првата средба со новинарите по неговото повторно назначување на функцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.