Она за што се залагавме, тоа ни успеа. Ја кутнавме црвената буржоазија, што беше наш детски сон уште од транзицијата, на под 20 пратеника. Друга наша значајна победа, и покрај сета наша маргинализација и фаворизација на Максо, го препопловивме проектот на ЗНАМ на пола од претседателските избори што покажува дека овој изборен систем повторно не краде затоа што некаде водиме за 4.000 гласа, а имаме ист број пратеници. Тоа ќе биде првото барање на Левица – воведување на една изборна единица, рече Апасиев.
Најави жестока дебата во Собранието.
– Левица ќе продолжи појако, пет пати појако од сега, затоа што секој наш пратеник вреди колку десет нивни. Да знаат дека ги чека пекол во Собранието со нашите борбени пратеници, рече Аапсиев.