Ашелацискиот суд денеска ги објави одлуките за жалбите на Ивона Талеска за одземањето на пасошот и за обвинетите во случајот „Тортура“.
Апелациските судии одлучија уредничката на телевизија Сител, Ивона Талевска да остане без пасош, затоа што судот смета дека Талевска може да избега ако не и биде земен пасошот.
Талеска е обвинета за даночно затајување во случајот „Тифани“ и има обврска еднаш месечно да се јавува во Суд, а нејзиниот пасош е одземен.
Талевска на седницата се жалеше дека има потреба од патувања поради прирордата на нејзината работа како новинар и уредник.
Обвинетите во „Тортура“, меѓу кои е и поранешниот началник на Алфите, Ивица Анчевски – Пуки, за апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, имаат обврска секој месец да се јавуваат во судот и имаат забрана за приближување кон одредени лица.
Минатата недела во Апелација се одржаа седници за повеќето од случаите што ги отвори СЈО и за кои судот одреди мерки за претпазливост, иако за повеќето од обвинетите, судот бараше притвор.