Митко Чавков, Горан Ѓошевски, Душко Лазаров, Никола Митревски – Кољо и Абдулфета Алими, сите првостепено осудени за упасот во Собранието од 27 април остануваат во притвор, откако Апелација донесен одлука да не ги прифати жалбите и тие да бидат пуштени од притвор до правосилност на пресудите.
До второстепениот суд укинување на притворот и да се бранат од слобода побараа екс директорот на БЈБ, Митко Чавков осуден на 18 години затвор, Горан Ѓошевски, Душко Лазаров и Никола Митревски – Кољо осудени на по 15 години затвор како и Абдулфета Алими осуден на седум години затвор за крвавиот упад во Собранието на 27 април.
Гаранцијата со која Чавков тврди дека нема да бега е 600 илјади евра, а денеска неговата одбрана понуди и документ од катастарот на Грција дека тој не поседува вила на Халкидики што беше една од причините да му одреди притвор поради опасноста од бегство.
За Алими со имот гарантира Зијадин Села.
Кривичниот суд на 15 март осуди 16 од вкупно 17 обвинети за 27 април, а само Игор Дурловски беше ослободен.

