Десетина илјади граѓани вечерва учествуваа на протестот преку кој се бараше одговорност за трагичниот пожар во Кочани, во кој загинаа 59 млади луѓе, а околу 200 беа повредени.
Во моментите кога поворката на протестниот марш поминуваше пред некогашната „Градска“ болница спроти државното собрание, а сега Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, почна спонтан аплауз за здравствените работници кои се грижат за повредените во катастрофалниот пожар.
Вработените во клиниката излегоа на прозорците за да им отпоздрават на учесниците на протестот.