Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апсења и повредени учесници, епилог од „Парада на гордоста“

0
By Нова ТВ on July 24, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уапсени демонстранти и членови на навивачки групи. Повеќемина повредени на црногорската Парада на гордоста, меѓу кои и претставници на тамошната влада кои беа во делот од 40ината поддржувачи на манифестација на организација на црногорската ЛГТБ заедница.

Освен тоа, Парадата резултираше и со демолирање на некои угостителски објекти во Будва.
Првата манифестација од овој вид организирана во Црна Гора започна под ѕидините на Стариот град и покрај спротиставувањето на големото мнозинство на жители на Будва и нивните гости, како и претставници на некои политички партии, кои поради можност од избувнување безредија бараа најавената манифестација да се одложи.

Врз учесниците кои носеа обележја во боите на виножитото и транспаренти „Излекуваме од шифоњерот“ и „Доста е молк”, во текот на прошетката по улиците, беа фрлани разни предмети, меѓу кои и димни бомби.

Заменик-директорот на полициската управа, Никола Јањушевиќ изјави дека се повредени околу дваесетина демонстранти, како и дека има повредени и на двете страни, па и меѓу припадниците на полицијата.

Поради можни поголеми безредија, четириесетината учесници во Парадата на гордоста коишто беа обезбедувани од 400 полицајци, Будва ја напуштија со брод.

Според организаторите на парадата,ова било тест за демократските капацитети на државните институции и општество и се надеваат дека ќе придонесат на поголемо разбирање и интеграција на припадниците на сексуалните малцинства.

ВИДЕО: Нереди и приведувања на Парадата на гордоста во Будва

Манифестацијата, како што истакнаа, ја одржале токму во Будва за да му покажат на светот на кое ниво на демократичност е црногорското општество.

Задоволни се од однесувањето на полицијата, и со фактот дека меѓу противниците немало многу жители на Будва.

И покрај најавите во медиумите, во манифестацијата не учествуваше премиерот Мило Ѓукановиќ, кој во времето на нејзиното одржување во црногорскиот парламент имаше „премиерски час”, односно одговараше на пратенички прашања.

Осврнувајќи се на парадата во Будва, премиерот Ѓукановиќ истакна дека доколку низ државната политика се промовираат правата на сите луѓе и се носи стратегија за заштита на малцинските групи, па и на сексуалните малцинства, тогаш така и треба да се однесува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.