Потпретседателката на ДУИ Теута Арифи во интервју за емисијата ТОП Тема на Телма рече дека нејзината партија не ја поддржува хајката против Фондацијата отворено општество Македонија.
– Не смее да се заборави поддршката при осамостојувањето на земјите од Источна Европа меѓу кои и Македонија од Фондацијата отворено општество Македонија. Сите тие стипендии кои биле дадени биле насочени кон научно надградување на нашите граѓани, рече Арифи, додавајќи дека САД пак се големи наши пријатели и поддржувачи.