Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Армијата ќе добие уште 27 лесни оклопни возила до крајот на годината

0
By Sashko on August 25, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Набавката на лесните оклопни возила е еден од осумте клучни проекти за вооружување на Армијата, рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска во денешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

„Договорот е склучен минатата година, а оваа година веќе пристигнаа првите шест лесни оклопни возила. До 2028 година, треба да пристигнат 96 вакви возила, а до крајот на оваа година очекуваме да бидат испорачани уште нови 27 возила од ваков тип. Оклопните возила се веќе дел од арсеналот на Армијата и нашите војници веќе се обучуваат за нивно користење“, потенцира министерката.

Говорејќи за дополнителната финансиска поддршка од САД за оваа година во процесот на модернизација на Армијата, Петровска рече дека со тоа се покажува нашето стратешко партнерство и сојузништво со САД.

„Одлуката за американска поддршка во висина од 40 милиони долари за македонската одбрана е приказ за стратешкото партнерство и сојузништво помеѓу Северна Македонија и САД. Оваа поддршка е за нас, но и за безбедноста на сите НАТО земји, зашто сите сме дел од колективната одбрана на Алијансата“, рече Петровска.

Министерката за одбрана посочи дека нашата Армијата е секогаш подготвена да одговори на сите предизвици, за што како потгврда ја посочи вежбата „Блесок 22“, која се реализираше во април годинава, и оценувањето на лесниот пешадиски баталјон кој беше сертифициран по НАТО стандарди се потврда за тоа.

„Оваа оценка која лесниот пешадиски баталјон ја доби ја отсликува реалната подготвеност на оваа единица“, рече Петровска и посочи дека ова претставува најпрактичен пример како се демантираат сите лажни натписи и обвинувања  дека нашата Армија е неподготвена и неопремена.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.