Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсовска: Да се избориме заедно за еднаквост на жената во општеството

0
By НОВА ТВ Balaban on October 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Во моментов, статистиките покажуваат дека жената е дури за 20% помалку платена на пазарот на трудот. За застапеност на жените во политиката кај нас постои загарантирана квота, но во приватниот сектор таква регулатива нема. Затоа, сите ние, заеднички, мора да се избориме за жената го добие заслуженото место во општеството“ – заклучи Арсовска.

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Даниела Арсовска,  денеска беше дел од учесниците на дебатата за социјално и економско зајакнување на жените преку социјални претпријатија што се одржа во Штип. Со дебатата беше означен и почетокот на петтата „Текстилијада“ чие годинешно мото е „Известување и улогите во борбата за работнички права“, а  манифестацијата ја организира невладината „Гласен текстилец“  од Штип.

За Арсовска дебатата отвора нови можности за да се понудат решенија кои ќе креираат подобра иднина за економскиот просперитет на државата во целина. Во своето воведно обраќање, таа наведе дека во Македонија 99,8% од регистрираните претпријатија се микро, мали и средни претпријатија и сите тие можат да се категоризираат во делот социјално претприемништво затоа што во моментов работат за да преживеат.

„Компонентата на социјално претприемништво верувам дека ќе отвори нови перспективи. Долго време се соочувавме со проблеми со регулативата, имаше и проблеми да се разбере што претставува всушност социјално претприемништво и како ние можеме да го подобриме, поточно како може едно претпријатие да работи користејќи претприемачки принципи, а воедно служејќи на заедницата. Самиот концепт е чуден за една држава во која што 40% од населението живее во сиромаштија, каде луѓето работат за да преживеат, што особено се интензивираше во период на пандемија. Затоа е важно да се успее со поддршка на претприемништвото, да ги охрабриме граѓаните да вложуваат во иновативни идеи и да градат подобра иднина за себе и за околината“ – истакна Арсовска во своето воведно обраќање.

Во вториот дел од обраќањето, Данела Арсовска се осврна на правата на жената работничка, што всушност беше и тема на дебатата и истакна дека е голем поборник на движењето за родова еднаквост, затоа што, како што кажа таа, недопустливо е во 21. век за еднаква работа и вложен труд на работното место, жената да биде помалку вреднувана во однос на мажот.

„Во моментов, статистиките покажуваат дека жената е дури за 20% помалку платена на пазарот на трудот. За застапеност на жените во политиката кај нас постои загарантирана квота, но во приватниот сектор таква регулатива нема. Затоа, сите ние, заеднички, мора да се избориме за жената го добие заслуженото место во општеството“ – заклучи Арсовска.

За крај, Арсовска посочи дека од Сојузот на стопански комори на Македонија, во кризата континуирано беше истакнувано дека од исклучителна важност е да не се дозволи луѓето да останат без работа поради последиците од Ковид кризата.

 

 

Град Скопје даниела арсовска Независната кандидатка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.