НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсовска и Мицкоски – многу љубов и симпатии во кампањата, многу валканици по „разводот“

0
By Xhabir Deralla on September 18, 2022 КОМЕНТАРИ
Арсовска - Мицкоски (Photo: Sloboden Pechat, EPA / Collage: Sloboden Pechat)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја најавуваше градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како најдобра менаџерка во Европа, како жена борец која импонира со упорност, харизма и човечност, не пропушташе прилика да зборува во суперлативи во кампањата за локалните избори. Сега, за помалку од една година, за опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска е криминалец и лажга.

Само неколку месеци траеше „бракот од интерес“ на Арсовска и Мицкоски, само до првата кривина. Лидерот на опозицијата при едно негово телевизиско гостување призна дека главна причина за разидувањето со градоначалничката на Скопје е непочитувањето на договореното од претходно. Мисли ли на договорени тендери, кои сега не можат да ги реализираат? Сега им е поважно како лично да испливаат од калта во која заглавија, а која на површина ги извади нивните валканици – дека, ако немаат финансиски интерес, тогаш зошто им е политичкиот.

„Сум верувал во тој концепт. Ако тоа е грев, што сум верувал во концептот на независен кандидат, кој доаѓа од бизнисот, со успешна аура во јавноста. Сме застанале, сме го поддржале и победил тој кандидат. Тоа што претходно сме договориле, а не исполнува, тоа е друга тема“ – рече Мицкоски при неговото гостување на ТВ21. Ама таа друга тема граѓаните веќе ја знаат. Пред очи им се случува театарот со реплики и контра реплики од кои е јасно дека и двајцата се лути оти есапот од пред избори сега не излегува по нивно.

Со ваквите меѓусебни јавни расправии и обвинувања, Арсовска и Мицкоски уште еднаш потврдија дека личните и партиските интереси ги ставаат пред интересите на граѓаните. Последната седница на Советот на Град Скопје се претвори во арена помеѓу Арсовска и советниците од ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за криминал и лажење, а градоначалничката го нарече Мицкоски „шпицен градоначалник“ кој не спаѓа во вредните, чесните и храбрите луѓе во опозициската партија.

Разидувањето помеѓу Арсовска и Мицкоски доаѓа по објавувањето на скандалот за сомнителниот тендер за пречистителна станица во Скопје и меѓусебните обвинувања за криминал, корупција и обид за местење на тендерот. Па во неможност да се договорат Мицкоски ги присили сите негови директори од јавните претпријатија да си поднесат оставка, свесен дека Арсовска ќе тргне во поход да ги разрешува, како што и започна со некои.

Скопјани веќе препознаваат дека со Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, наместо капиталните проекти, кои ќе донесат подобро за сите жители на Скопје, локалната власт се заминува со лични проекти, од кои корист веројатно имаат само малкумина. Нема ништо од модерното Скопје кое заедно го ветуваа во кампањата, а Арсовска како градоначалничка, поради лични каприци, напушти и проекти поддржани, одобрени и целосно финансирани од Европската банка за обнова и развој.

РНТВ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.