Данела Арсопвска: Фирмата Адријус од Глумово, општина Сарај која вчера ја затекнавме во вршење на кривично дело бесправна градба и ископ на нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација на бул. Словенија доби соодветна казна од градот Скопје и пријава за вршење на кривично дело до соодветните институции. Чекаме на ОЈО и МВР да превземат мерки и да постапат согласно пријавите, а како обртот на фирмата од 45 милиони евра ќе влијае на постапката не знаеме.
Извор: Фејсбук