Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АРСОВСКИ: Не треба да се создава паника со најави за високи поскапувања

0
By НОВА ТВ Balaban on December 1, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Не треба да се создава паника со најави за високи поскапувања, рече портпаролот на Владата, Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање дали државата ќе го запре поскапувањето, a по примерот на српската влада која ги замрзна цените на основните прехранбени производи на 60 дена.

– Постојат механизми, Владата ги уверува граѓаните, како и стопанствениците, дека и натаму ќе продолжи да биде партнер со сите засегнати страни за соодветно да се реагира на секој предизвик. Државата ги следи состојбите во сите сектори во економијата, вклучително и во преработувачката и прехранбената индустрија. Владата е во постојан, отворен дијалог со сите засегнати страни на стопанството. Една таква комуникација се одвива преку Платформата за социјално-економски дијалог која ги опфаќа социјалните партнери и четирите најголеми комори, преку која се одржуваат редовни состаноци и тој не е прекинат, рече Арсовски на редовната прес-конференција на која беа соопштени владините одлуки од 122-та и 123-тата седница.

Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Муамет Хоџа и Душко Арсовски, посочија и дека на денешната 123-та седница, којашто се одржа преку интернет комуникациска врска, Владата го утврди текстот на Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

Портпаролите Хоџа и Арсовски на редовната прес-конференција, која се одржува по владините седници, подвлекоа дека е донесена Владина одлука за еднократна финансиска награда од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70% со вакцинација на своите пациенти од вкупниот број запишани кај нив.

На предлог на Комисијата за именување, на вчерашната седница, на проф. д-р Владо Бучковски му е продолжен мандатот специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија, што истекува денеска.

Донесена е и Одлука за распределба на средства од Буџетот за 2021 година за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.

Со 14,9 милиони денари ќе се финансираат повеќе инфраструктурни проекти во ромските заедници во Крива Паланка, Кавадарци, Прилеп, Кочани, Ранковце, Делчево и Шуто Оризари.

Портпаролите информираа дека вчера  се утврдени текстовите на Предлог-законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од пандемијата со КОВИД-19 врз производството и откупот на земјоделски производи јаболко и ориз и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од пандемијата врз производството, откупот на грозје и винската индустрија со дополнување со нови корисници на финансиската поддршка, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На прашање за евентуално планирано покачување на струјата портпаролите  истакнаа дека цената на енергенсите се во постојан пораст на светските берзи и постои недостаток на електрична енергија и дека сите аспекти ќе се имаат предвид кога на некоја од наредните седници ќе се разговара за оваа состојба.

„Фокусот на АД „ЕСМ“ е на зголемувањето на домашното производство на електрична енергија и ги презема сите чекори за продолжување на континуираното производство на електрична енергија во текот на грејната сезона. Во РЕК Битола е засилен ископот на јаглен  за потребите на стабилно обезбедување електрична енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи. Обезбедени се дополнителни 90.000 тони јаглен од Албанија за почеток на производство на струја за стопанството по подостапни цени од моменталните на берзите. За истата намена, последниот јавен повик кој се објави деновиве за набавка на 810.000 тони јаглен ќе биде отворен во текот на целата 2022 година. По едномесечниот ремонт денеска почна со работа и РЕК Осломеј и за таму се обезбедува дополнителен јаглен“, информираа портпаролите.

Владините портпароли информираа дека дел од стратегијата за надминување на енергетската криза е и активирањето на ТЕЦ „Неготино“ за што е распишан е јавен оглас за набавка на мазут. Понудите се очекуваат до денеска, по што ќе бидат отворени и по набавката и доставата на мазутот, и ТЕЦ „Неготино“ ќе се вклучи во производството.

„Државата ги следи состојбите во сите сектори, вклучително и во преработувачката и во прехранбената индустрија. Владата е во постојан отворен дијалог со сите засегнати страни во стопанството. Една таква комуникација се одвива преку платформата за социјално-економски дијалог која ги опфаќа социјалните партнери и четирите најголеми комори преку која се одржуваат редовни состаноци и секако тој не е прекинат. Она што може да се каже е дека не треба да се создава паника со најави за високи поскапувања. Постојат механизми, Владата ги уверува граѓаните и стопанствениците дека и натаму ќе продолжи да биде партнер со сите засегнати страни за соодветно да се реагира на секој предизвик“, беше одговорено на прашањето за планираните политики во врска со поскапувањата на прехранбените производи.

На прес-конференцијата, портпаролите информираа дека посмртните останки на 45-те загинати во сообраќајната автобуска несреќа во Бугарија ќе бидат пренесени во Северна Македонија со организиран авионски лет во петок (3.12.2021), откако утре, како што се очекува, ќе биде завршена обдукцијата на телата според информациите на Бугарското обвинителство.

Телата на загинатите, според државен протокол ќе им бидат предадени на семејствата.

Душко Арсовски Муамет Хоџа одлуки портпаролот на Владата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.