Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсовски: Одложувањето на пописот не е опција

0
By Нова ТВ on March 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одложувањето на пописот не е опција, бидејќи ова е широка операција која се работи месеци наназад преземени се сите мерки, ангажирани се сите капацитети во државата. Веќе неколкупати рековме дека сите највисоки стандарди ќе бидат запазени и во целосост ќе бидат заштитени и попишувачите и оние кои треба да бидат попишани, рече денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

Пописот, нагласи тој, е задолжителна операција, односно учеството во пописот е задолжително. Убедени сме, додава Арсовски, дека најголем дел од граѓаните разбираат колку е важно тој да се спроведе.

– Во однос на безбедноста уште еднаш ќе повториме дека стандардите за заштита се највисоки и во целост ги штитат граѓаните и попишувачите и тука не треба да постои никаква дилема, граѓаните ќе бидат заштитени. Пописот се спроведува и ќе се спроведе целосно безбедно по сите стандарди, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

На прашањето за безбедноста на спроведувањето на оваа статистичка операција говореше и Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика, која истакна дека тие како институција не одлучуваат дали таа ќе се одржи, туку само ги спроведуваат активностите предвидени во законскот решение.

– Пописот претставува задолжителна активност на ДЗС предвидена во Програмата за работа. И ние се водиме нормално од Програмата, она што ни е задолжение да го завршиме. Спроведувањето или неспроведувањето на терен во зависност од ковид-ситуацијата не е нешто за кое може да одлучи ДЗС. Ние само ги следиме поставените рокови, донесените одлуки  и законските обврски што не обврзуваат да спроведеме попис, рече таа.  

Во однос на тоа колкав треба да биде бројот на лица кои ќе одбијат да се попишат за податоците да не бидат релевантни Ѓоргиева истакна дека тоа не може да се каже бидејќи, како што рече, ова не е обично статистичко истражување, туку масовна статистичка операција.

– Ние од нашето искуство сметаме дека во текот на самиот попис граѓаните сепак ќе одговорат на прашањата. Точен процент колку проценти од не одговоарање или не одѕивање на пописот би значел успешен или неуспешен попис не може со сигурност да се каже, затоа што едно е обично статистичко истражување, друго е една ваква масовна статистичка операција како што е пописот. Меѓутоа, сметаме дека сепак ќе имаме целосен опфат во текот на пописните активности и дека ќе имаме успешна реализација на оваа активност и на крај релевантни податоци, рече таа.  

Во врска со тоа дали ќе бидат казнети лица кои повикуваат на бојкот или организираат разни иницијативи за неизлегување на пописот, Ѓоргиева исткна дека тоа се активности со кои треба да се занимаваат други органи.

– Во законот прецизно е наведено што значи или попречување или поттикнување на бојкот или поттинкување да не се учествува во пописот. Ние сепак сме сгигурни дека кај населението ќе преовлада здравиот разум и чуството за потребност и итност да се спроведе пописот и да се добијат овие неопходни податоци, истакана таа.

На прес-конференцијата беше упатена и порака сите граѓани да учествуваат во пописот, а сите политички чинители да дадат придонес и да повикаат на масовно попишување. Во таа насока, според владиниот портпарол, се и постојаните апели на владините претставници за масовност во попишувањето, меѓу кои и повиците на првиот вицепремиер Артан Груби од Приштина и Тирана.

– Секој повик за поддршка на пописот е придонес плус за успешноста на оваа статистичка операција. Владата ги повикува сите политички чинители, најгласно што можат да испратат порака со поддршка на пописот како сопствен највисок чин на одговорност и придонес кон оваа исклучително важна статистичка операција. Секој граѓанин треба да учествува во пописот и да придонесе во негова популаризација тргнувајќи од интересот за сопствен подобар живот, за добро на државата, на својата заедница и пораката за задолжително учество во пописот да ја испратат и сите домашни политичари вклучувајќи ја и опозицијата. Тоа е операција околу која сите треба да се обединиме, да дадеме придонес и затоа сите претставници на Владата ја користат секоја прилика да го промовираат пописот упатувајќи повик за поддршка тој да биде спроведен успешно, рече Арсовски одговарјќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Пописот во земјава треба да почне на 1 април и да заврши на 21 април. Во моментов во тек е опрација за попшишување на дијаспората.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.