На полесни симптoми на труење со храна се пожалил и шефот на кабинетот на премиерот Мартин Попов, а премиерот Димитар Ковачевски ниту јадел, ниту пиел надвор од протоколот, информираше портпаролот на Владата на Република Македонија, Душко Арсовски.
Како што вели тој, сите околности за овој случај се испитуваат, а јавноста во целост ќе биде известена во текот на наредните денови.
„Биле преземени сите мерки за претпазливост кога е во прашање протоколот на меѓународниот самит „Делфи“ во Грција. Во однос на безбедноста на пијалоците и на храната, согласно законот тие постојано се испитуваат“, додаде Арсовски.