Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АСОМ: Новиот закон за игри на среќа носи економски крах, 10.000 луѓе остануваат без работа, а државата губи 350 милиони евра

0
By Xhabir Deralla on June 4, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 4, 2026 17:23

Мерката за оддалеченост од 500 метри предвидена во новиот предлог-закон за игри на среќа не е обична просторна регулација, туку директен налог за ставање клуч на врата и затворање на легалната индустрија. Претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), Васко Илијевски, при своето гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24, предупреди дека ваквото законско решение ќе предизвика верижен економски удар, банкрот на приредувачите и експлозија на нелегалната црна економија.

Според Илијевски, физичката дислокација во урбаните средини е апсолутно невозможна, а дополнителните огромни финансиски давачки во законот свесно ја туркаат индустријата кон уништување.

Повеќе од 10.000 директно вработени луѓе преку ноќ ќе останат без својата егзистенција, што значи дека заедно со нивните семејства, преку 35.000 луѓе стануваат идни можни кандидати за иселување од нашата држава. Дополнително, ќе бидат загрозени меѓу 50.000 и 100.000 луѓе од придружните дејности кои зависат од овој сектор, како агенциите за обезбедување, ИТ секторот и добавувачите на опрема“, истакна Илијевски.

Ударот ќе го почувствуваат и други дејности, но и самиот државен буџет. Околу 350 милиони евра на годишно ниво се прибираат во буџетот од целокупното работење на легалните игри на среќа.

„Со затворањето, тие пари нема да исчезнат, туку директно ќе се трансферираат на црниот пазар, а државата нема да има никаков приход. Истовремено, ќе се случи огромен крах на пазарот на недвижности, бидејќи повеќе од 800 објекти кои сега се под закуп ќе останат празни“, потенцира Илијевски.

Претседателот на АСОМ посочи дека легалните приредувачи се првата бариера која апсолутно го почитува законот, врши контрола на лични карти и не дозволува пристап на малолетници.

„Кога државата ќе ја забрани таа бариера, го остава просторот чист за нелегалниот пазар кој работи само за профит и не знае за лични карти и заштита на децата“, смета Илијевски.

Илијевски потсети на албанското сценарио од 2018 година, кога по затворањето на игрите на среќа се случи огромен подем на криминалот, па по четири години државата мораше да го врати законот назад, иако до ден денес се соочува со полициски акции во диви коцкарници каде се запленува оружје и дрога.

Бидејќи предлог-законот е закажан за прво читање во Собранието на 10 јуни, АСОМ испраќа јасна порака до пратениците и бара итно повлекување на законот и отворање дијалог со засегнатите страни. Доколку законот помине во прво читање, Асоцијацијата најави дека ќе ги искористи сите механизми да го одбрани легалниот сектор, вклучително и масовни протести со илјадници вработени, за да се спречи овој упад кој значи монополизација и штитење на лични интереси.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.