Мисијата „Артемис II“ на НАСА завршува. Слетувањето на екипажот, астронаутите на НАСА Рид Вајзман, Виктор Гловер, Кристина Кох и канадскиот астронаут Џереми Хансен, според планот, треба да биде утре, еден час пред полноќ по макeдонско време, покрај брегот на Сан Диего.
Спуштањето, од повторното влегување во горната атмосфера на Земјата до слетувањето во Тихиот Океан, ќе трае само 13 минути. Како што ќе падне, капсулата ќе ги распореди своите погонски механизми за да дејствуваат како сопирачки и ќе активира неколку комплети падобрани, наречени дроги, пилоти и главни чаури за да ја забават од 34.965 стапки во секунда на околу 25 пред да удри во водата.
Брод на морнарицата е на пат да се сретне со капсулата „Орион“ кога ќе слета. Нуркачите ќе се симнат од бродот и ќе се приближат до неа за да ги извлечат астронаутите и за да им помогнат да се качат на надуено летало, наречено „преден трем“.
Последните два дена, четворицата астронаути имаа уште една можност да вежбаат рачно управување со леталото, за кое Лакиеша Хокинс, вршител на должноста заменик-администратор на Дирекцијата за развој на мисии за истражувачки системи на НАСА, рече дека е од суштинско значење за валидација на способноста на „Орион“ да се спои со други вселенски летала во текот на идните мисии.
Сепак, контролата на Земјата, во Хјустон, одлучи да откаже една од другите планирани активности: изградба на засолниште од зрачење, користејќи го просторот за складирање на капсулата, за да им даде повеќе време на астронаутите за подготовка на кабината за враќање на Земјата.
Во четвртокот, вниманието на екипажот беше цврсто насочено кон критичното последно поглавје од мисијата. Кога се разбудија, беа на 200.278 милји од Земјата и 83.549 милји од Месечината, а денот го почнаа со „Под притисок“ од „Квин“ и Дејвид Бови. Потоа вежбаа активирање на неколку од клучните системи за повторно влегување и се осигурија дека сè работи според планот.
Исто така, ја тестираа и оценуваа облеката за ортостатска нетолеранција што ја носат под комбинезонот, кој им помага да ги одржуваат крвниот притисок и циркулацијата во текот на транзицијата назад, кон гравитацијата на Земјата. По подолг период во микрогравитација, некои астронаути доживуваат ортостатска нетолеранција, состојба што може да го отежни стоењето исправено без вртоглавица или несвестица. Облеката применува компресија на долниот дел од телото за да се спротивстави на овој ефект и за да се поддржи безбедното враќање.
Успехот на мисијата досега само го зацврсти планот на НАСА за повторно влегување. Планираме номинален влез, со процедури исто како што ги развивме пред летот, рече Хенфлинг.
Сепак, Хокинс нагласи дека „Артемис II“ останува пробен лет, а НАСА сè уште има многу да учи додека се враќа „Орион“ кон нашата планета.
Кога ќе помине мисијата добро, може да изгледа дека летањето до Месечината е лесно. Секако не е. Не треба да заборавиме дека ова е пробен лет и сè што учиме го користиме за да ја поддржиме следната мисија, рече таа.




