Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Атанасовска: Усвоена првата тужба од серијата од 800 судски постапки за заштита на правата на вработените во културата – се чека одговор од ресорното министерство

0
By Zoran Ivanov on October 8, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Атанасовска: Усвоена првата тужба од серијата од 800 судски постапки за заштита на правата на вработените во културата, се бара договор со ресорното министерство.

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) поднесе 800 тужби и денеска објавуваме дека се усвојува првата тужба од серијата од 800 судски постапки за заштита на правата на вработените во културата. Со оваа пресуда судот потврди дека правата на културните работници биле повредени со незаконски донесените решенија за плати и дека законитата основа мора да се почитува, изјави денеска претседателката на СКРМ Вера Атанасовска на прес-конференцијата пред Министерството за култура и туризам.

Оваа прва победа, како што рече, е јасен доказ дека борбата за достоинството во културниот сектор е правно издржана, оправдана и заслужена.

И покрај навремените предупредувања на СКРМ дека решенијата се неправно изготвени, Министерството остана глуво, а резултатот денес го кажа судот. Со оваа пресуда се поставува темелот за сите останати 799 постапки кои следуваат. Се потврди дека СКРМ бил во право, а одредени службеници во Министерството за култура кои преку министерот за култура на сила ги спроведоа овие решенија по институциите во грешка. Истите тие службеници, кои во последните две години ги „кројат“ решенијата за плата, повторно донесоа незаконски решенија со номинални износи наместо законска формула. Вакви незаконски решенија беа подготвувани и во минатата и во сегашната власт, од истите луѓе, рече Атанасовска.

Таа потсети дека од Министерството за финансии добиле официјален одговор, потпишан од ресорната министерка дека пресметките на платите во културата се изготвуваат исклучиво во Министерството за култура, додека финансии само ги одобрува нивните фискални планови. Како се дојде до, како што рече, фамозната формула за ускратување на платите, одговор побарале и од Министерството за култура. Иако дописи испратиле и до финансиски и правен сектор и лично до министерот за куктура, одговор, вели таа, не добиле.

Таа повика на разум и договор, Министерството, како што рече, да седне на маса, да се договорат за решавање на спорот и на тој начин да се избегне финансиски колапс во институциите.

На тој начин институциите нема да плаќаат огромни судски трошоци, а Министерот конечно ќе застане зад своите вработени ослободен од притисокот и пласираните лаги на одредени службеници. Доколку тоа не се случи, СКРМ ја продолжува правната битка, но на крајот ќе бара одговорност за оштетениот буџет кој настанал само и заради нечиј каприц, подвлече Атанасоска.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.