Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Атмосфера пред гласањето доверба на Владата: Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за притисоци врз пратеници

0
By Mirjana on November 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Растат вербалните напади и обвинувања на релација власт- опозиција на два дена пред четврточното гласање (не)доверба на Владата.  Додека се пребројуваат и едните и другите и работат на окрупнување на сопственото мнозинство, се поприсутни се и обвинувањата за уцени, притисоци па дури и за непристојни предлози врз оние избраници чиј глас во зависност од политичката поставеност во парламентот, значи многу во даденава ситуација.

Го контактиравме пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ, кој два дена говори за притисоци врз колегите.

Photo: The World News

– Лично немам притисоци, но самото присуство на премиерот во 19, 20 , 21 часот во Законодавниот дом е облик на притисок, не е дозволиво и е вон демократија, наместо да се бави со тоа, би му порачал да си ја даде оставката. Човек кој не може да си ја изменаџира оставката која сам ја соопшти а еве веќе поминаа 8 дена, тој не може да ја менаџира енергетската криза во која е влезена  државава  како и останатите предизвици со кои се соочува земјава, изјави за Нова ТВ Љупчо Пренџов пратеник од ГРОМ, партија која е дел од опозициската коалиција.

За разлика од Пренџов , колешката од мнозинството, пратеничката од СДСМ, Снежана Калевска Ванчева со доза на сарказам вели дека не ни има пратеници во Собранието за некој да им врши притисок.

Фото: Точка

– Апсолутна небулоза , се тврдењата на дел од опозициските пратеници дека биле под притисок , уцени , закани или непристојни предлози , пред гласањето (не) доверба на Владата во четврток. Не им е прв пат да се служат со вакви дезинформации а најодговорно тврдам дека ниту имало, ниту има , ниту ќе има притисоци од вид за кој зборуваат опозициските пратеници, зашто тоа не е наш начин на дејствување. Прво, видете што изјавува пратеникот Реџепи и тоа доволно кажува кој, кому врши притисок. А во Собранието ниту има пратеници за да им се врши притисок, секој кој бил деновиве во Собрание може да се увери само колку пратеници има, вели во разговор за НоваТв пратеничката од СДСМ , Снежана Калевска Ванчева .

Утре се очекува Алтернатива, како што самите најавија,  да излезе со финален став за тоа како ќе гласа на иницијативата за доверба на Владата, Нејзиниот пратеник Скендер Реџепи деновиве,а особено синоќа во телевизиски настап децидно порача дека неговиот потпис нема да дозволи да стои до потписот на Апасиев,ако партијата е решена да го руши Заев и актуелното мнозинство со Левица на списокот. Реџепи дури рече дека размислува или да ја напушти Алтерантива или да го врати пратеничкиот мандат.

Во меѓувреме СДСМ деновиве излегува со соопштенија во кои се наведува дека мнозинството за кое деновиве зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Алијанса, БЕСА и Левица не ќе да е мнозинство.

– Расте нервозата во ВМРО-ДПМНЕ откако станува јасно дека на Христијан Мицкоски му испарува мнозинството во Собранието, па затоа денеска од белиот дворец се обидуваат да најдат алиби во наводни закани кон пратеници.
Пратеници од опозицијата самите признаваат дека потписите за иницијативата за недоверба на Владата се собрани преку меѓусебни лаги и измами. Граѓаните не забораваат дека токму ВМРО-ДПМНЕ и нејзини високи функционери се закануваа кон пратеници кои гласаа за уставните измени и очигледно дека тоа ВМРО-ДПМНЕ сака да го направи и денес. Пратениците да бидат спокојни, државата, институциите ќе ги заштитат од заканите на ВМРО-ДПМНЕ, обидите за закани и притисоци нема да им успеат“, се наведува во реакцијата од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ и на партиска прес конференција преку портпаролот Наум Стоилковски но и преку директно обраќање преку ФБ,  на координаторот на пратеничката група во Собранието, Никола Мицевски до пратеникот Реџепи, обвинуваат за заплашувања врз пратениците. Тие дури им нудат и ново мнозинство.

– Колега Скендер Реџепи да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ, стои меѓу другото во постот на Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ,Никола Мицевски. 
(М.Т)

 

Власт и опозиција за притисоци врз пратеници обвинувања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.