Аргентинецот Хуан Дел Потро е вториот победник во Б групата, победувајќи го Французинот Ришар Гаске со 2:1 (6:7, 6:3, 7:5).
-Ришар има неверојатен бекхенд и тој е голем борец. Овој турнир ми значи многу. На крајот на краиштата, играв солидно, изјави Делпо.
Вториот меч од А групата се игра денеска, а во него играат Шпанците Рафаел Надал и Давид Ферер, додека првото коло во Б групата ќе го затворат Србинот Новак Ѓоковиќ и Швајцарецот Роџер Федерер.
-Се надевам дека ќе можам да ги победам (Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер), но тоа ќе биде навистина тешко за мене. Јас немам ништо да изгубам против нив, изјави Дел Потро за преостаната група Б натпревари против Ѓоковиќ и Федерер.
Попладнево, Надал и Ферер играат во 3 часот по средноевропско време (2 лондонско време), додека Ѓоковиќ и Федерер во 21 часот (8 лондонско време).