Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Вашингтон- Њујоршкиот весник „Њујорк Тајмс“ во ударен наслов на својата главна веб страница веднаш по експлозијата што се случи на 17 октомври објави дека Израел ја ракетирал болницата во Газа, по што се најде на удар на безброј критики по социјалните мрежи и од редица други угледни изданија. Во уреднички коментар денеска весникот призна дека првите статии на оваа тема премногу се потпирале на тврдењата на Хамас и дека насловот и известувањето биле тендециозни. Се признава и дека известувањето за бројот на загинати во експлозијата не било точно. -Првичните извештаи на Тајмс за тоа дека Израел е одговорен за експлозијата цитираа…
По доделувањето на наградата за придонес во кинематографијата на српскиот актер Бранислав Лечиќ на неодамна завршениот филмски фестивал „Киненова“ во Скопје, реакции стигнуваат од домашните филмски работници/чки. Реакцијата досега ја потпишаа петмина: Наташа Петровиќ – актерка, Тамара Ристоска – актерка, Жаклина Стевковска – актерка, Горјан Атанасов – монтажер, Дејан Димески – кинематографер, Ана Јакимска – режисерка и сценаристка. „Храброста на актерките Данијела Штајнфелд и Мерима Исаковиќ да проговорат јавно за настаните од минатото е непроценливо важна за градењето на заедница каде што жените ќе се чувствуваат безбедно, слушнато и еднакво важно. Одлуката на Киненова да го награди Лечиќ е повеќе…
„Сите вработени во културата, почнувајќи со исплатата за септември добиваат за 10% повисоки плати како резултат на Општиот колективен договор за вработени во јавниот сектор постигнат оваа година. Платите во културата, од почетокот на бранот покачувања во 2021 година, заедно со најновото покачување од септември 2023, се поголеми за 43%“, објави на Фејсбук министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска. Ваква динамика на покачувања на платите досега не е забележана во јавниот сектор во земјава, нагласува министерката, и додава дека „до оваа драстична промена во полза на културните работници дојде со потпишувањето на Колективниот договор кој во претходните 15 години беше…
Лидерите на Србија и на Косово неделава треба да се изјаснат за барањата што им ги презентираа членовите на „големата петорка“, пишува денеска Радио Слободна Европа (РСЕ), повикувајќи се на дипломатски извори и додава дека е можна средба меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел пред самитот на ЕУ на 26-27 октомври, јави дописникот на МИА од Белград. РСЕ наведува дека не се познати конкретните детали за барањата на „големата петорка“ на средбата со Курти и Вучиќ на 21 октомври во Приштина и во Белград. Повикувајќи се на дипломатски извори, РСЕ додава дека барањата за…
Во едночасовното интервју на јавната австриска телевизија (ОРФ), австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер уште еднаш го искажа својот цврст став против проширувањето на Шенген зоната. – Неделава ме прашаа дали Шенген е мртов, реков – не е мртов, Шенген воопшто не функционира. Што сакам да кажам: никогаш не сме имале толку гранични контроли откако постои овој слободен простор како сега: Австрија кон Унгарија, Словенија, Словачка и Чешка, зошто? Затоа што Германија ги контролира границите со Австрија, Полска и Чешка, Чешка – со Словачка, Словенија – со Хрватска и мислам дека е длабоко погрешно во таква ситуација да се…
Во далечната 2000-та година е последно исплатениот К-15 за вработените во образовниот сектор. Тогашната Влада на ВМРО ДПМНЕ на вработените за последен пат им подели К-15 во вид на канти сирење, кашкавал, сувомеснато и други прехранбени производи во вредност од тогашното К-15, се сеќаваат постарите наставници од тие тие времиња. После ова К-15 или регресот за годишен одмор беше укинат, а за прв пат наставниците и администрацијата по повеќе од две децении 13-та плата ќе добијат оваа година и тоа по 10.000 денари. Од следната регресот за годишен одмор ќе биде 30% од просечната плата. Во приватниот сектор овој процент…
Правото на Израел на самоодбрана согласно меѓународното право и потребата да се заштитат цивилите, да се ослободат Израелците кои се држат во заложништво од Хамас и да се избегне хуманитарна криза, ги истакнал грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на средбата со неговиот израелски колега Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, јави дописничката на МИА од Атина. Мицоткис, како што соопштија од неговиот кабинет, ја изразил „згрозеност и болка поради терористичките напади на Хамас против Израел“, а Нетанјаху му се заблагодари за поддршката, истакнувајќи дека е потребна обединетост против Хамас. -Секогаш велам дека најдоброто нешто освен поддршката за Израел, е да си во Израел.…
“Иако долги години сум поврзана со проекти за неформално образование на деца, не можев да го терам тоа сама, па со мојата драга другарка и колешка Ивана Павлаковиќ решивме да создадеме нешто заедничко што ќе биде корисно, едукативно и забавно за децата. Така се создаде Арт Бригада, преку која создаваме нови генерации на деца кои ќе размислуваат независно, ќе бидат сигурни во себе и ќе негуваат уметнички и човечки вредности” рече актерката Сања Арсовска во интервју за “Трн.мк” Таа додаде дека Бруталиск, како мал приватен културен центар е платформа за уметничко изразување и едукација на сите генерации. “Генерално, ако постои…
4.651 убиени Палестинци во Газа 95 убиени Палестинци во Западниот Брег 1.873 убиени деца (вклучени во бројот на жртвите меѓу Палестинците) 1.023 убиени жени (вклучени во бројот на жртвите меѓу Палестинците) 1.405 убиени Израелци За 16 дена, убиени 4.651 Палестинци во Газа и 95 во Западниот Брег, вклучувајќи 1.873 деца и 1.023 жени. Убиени се и 1.405 Израелци. Палестинското Министерство за здравство во понеделникот го потврди убиството на уште две лица во бегалскиот камп Џалазона во близина на Рамала, со што бројот на жртвите во судирите со израелските сили во Западниот Брег од 7 октомври се искачи на 95, објави…
„Македонската револуционерна борба е многу повеќе од ден кој се одбележува еднаш годишно. Борбата и патриотизмот со кој револуционерите го градеа патот на идните генерации, правејќи држава признаена од сите, се и наш долг кон новите генерации“, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Денес, нашиот патриотизам е со поглед свртен кон иднината. Ова е времето кога новата генерација македонски општественици ќе ги испише историските страници кои ќе бидат препознаени како европски и напредни. На цврстите темели на кои е вграден македонскиот идентитет продолжуваме да ја…
Во нашиот свет, во нашиот сè понепријателски, нестабилен свет, се надевам дека би можеле да земеме при срце друго правило кое го учи секој актер, а тоа е: сè е за слушање. Холивуд и шпанското кралско семејство се сретнаа кога на Мерил Стрип и беше врачена наградата „Принцезата од Астуриас“ од страна на кралицата Летиција и кралот Фелипе Шести и нивните две ќерки. Мерил Стрип ја доби престижната шпанска награда за уметност на церемонија која ја водеше шпанското кралско семејство во северниот град Овиедо. Наградата ѝ беше врачена за нејзината долга актерска извонредна кариера, која опфаќа речиси пет децении на…
Ставот на СДСМ е принципиелен и непроменет, изборите ќе бидат наредната година во редовниот термин, прво претседателските, а потоа и парламентарните, рече денеска партискиот портпарол и пратеник, Дарко Каевски. Како што истакна Каевски на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, СДСМ е подготвена да разговара за датумите за изборите, на ниво на работни групи. -Нашиот став е принципиелен и непроменет. Изборите ќе бидат наредната година во редовниот термин прво претседателски а потоа и парламентарни. За точниот датум за одржување на овие избори прво за претседателските, а потоа и за парламентарните сме спремни да разговараме на ниво на работни групи. Очекувам за…