Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Њујорк тајмс призна дека објавил тенденциозен извештај за експлозијата во болницата во Газа

0
By Ана Василевска on October 23, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 23, 2023 19:10

Вашингтон- Њујоршкиот весник „Њујорк Тајмс“ во ударен наслов на својата главна веб страница веднаш по експлозијата што се случи на 17 октомври објави дека Израел ја ракетирал болницата во Газа, по што се најде на удар на безброј критики по социјалните мрежи и од редица други угледни изданија.

Во уреднички  коментар денеска весникот призна дека првите статии на оваа тема премногу се потпирале на тврдењата на Хамас и дека насловот и известувањето биле тендециозни. Се признава и дека известувањето за бројот на загинати во експлозијата не било точно. 

-Првичните извештаи на Тајмс за тоа дека Израел е одговорен за експлозијата цитираа палестински официјални лица и укажаа дека војската на Израел ја истражува експлозијата, се вели во коментарот. 

Се додава дека тие статии не ставиле до знаење дека тврдењата не можат да бидат верифицирани и дека извештајот им дал „погрешна претстава на читателите за тоа што се знаело и колку кредибилни биле тие извештаи“.

Се наведува и дека американски и други меѓународни службени лица, меѓу кои и претседатело на САД, Џо Бајден, потврдиле дека имаат докази дека ракетата дошла од позициите на палестинските милитанти. Независни истраги на Волстрит журнал и на Си-ен-ен ги одбранија тврдењта на Изарел дека Тел Авив не е вмеашн во експлозијата во болницата.

-Со оглед на чувствителната природа на вестите за време на растечки конфликт, и големиот одглас што тие го имаат, уредниците на Њујорк тајмс требаше да бидат попретпазливи со правилноста на презентацијата и поексплицитни за тоа која информација може да се верифицира, наведува весникот и потенцира дека процедурите за објавување ударни вести ќе претрпат измени, пред сѐ во однос на мерките на заштита од вакви ситуации.

Милитантната група Хамас, во САД означена како терористичка организација, на 7 октомври изврши напад на делови од Израел при што беа убиени околу 1.400 израелски граѓани

Извештај за Газа Њујорк Тајмс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.