Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Филмот „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“. Одлуката денеска ја донесе комисијата од Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на комисијата, Кастриот Авдили – продуцент и режисер, Ана Стојановска – актерка, Марина Колоска – камера оператор, Лидија Мојсовска – режисерка, Емилија Ивановска-Атанасовска – костимографка, Ебру Мусли – актерка и Раде Василев – костимограф. Во конкуренција за кандидатурата биле и филмовите „М“ во режија на Вардан Тозија и „Преекспонирано“ режиран од Елеонора Венинова. „Домаќинство за почетници“ во режија…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска остварил средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во рамки на работната посета на Брисел. На средбата, соопштија од МНР, станало збор за актуелните безбедносни предизвици, како и активностите на НАТО во насока на адаптирање кон новата безбедносна реалност, справување со предизвиците и зајакнување на одбраната и одвраќањето. Посебен фокус на разговорите биле актуелните состојби во Западен Балкан, како регион од стратешки интерес за Алијансата. – Блиската координација и заеднички активности на НАТО и ЕУ во Западен Балкан, како и забрзување на европската и евроатлантската интеграција на земјите од регионот претставуваат клучни…
Во кризно време компаниите не треба да бидат една од причините за кризата да биде уште поголема. Неетичкото однесување носи до поголеми последици кои можеби веднаш нема да ги видиме, но утре веќе ќе биде доцна, истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој посочи дека се прават обиди да се докаже дека има договорање за цените во неколку сектори. Вицепремиерот нагласи дека токму тоа е и една од причините зашто 52 отсто од младите бегаат од регионот на Западен Балкан. -Неетичкото однесување прави да не можеме да ги задржиме младите. На денешниот настан зборуваме за можности на младите,…
Лидија Вукадиновска ни ги раскажа своите искуства од Burning Man, фестивалот кој се одржува во Блек рок сити, привремен град во пустината во Невада, 160 километри североисточно од Рено. Настанот се води од десет принципи: радикално вклучување, подарување, декомодификација, радикална самодоверба, радикално самоизразување, заеднички напор, граѓанска одговорност, не оставање трага, учество и непосредност. Името Burning Man (Човек што гори) го добива по церемонијата за одбележување на крајот на секој фестивал, симболично палење на фигура на човек изработена од дрво, што се случува на претпоследната вечер од фестивалот кој трае цела недела. Според ко-основачот на Burning Man, Лари Харви во 2004…
Пропагандата успева на тој начин што се повторува повеќепати низ повеќе канали и успева да убеди дел од населението, таа е успешна кога оперира со емоции, а не со рацио, и кога оперира со стравот како најсилна емоција, истакна Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и аналитика ИМА во вчерашното гостување во „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, коментирајќи го прашањето дали е поуспешен наративот на опозицијата за неприфаќање уставни измени „под бугарски диктат“, наспроти тој на власта дека мора да се отвори на Уставот и да продолжиме кон европските интеграции. „Мислам дека таа пропаганда дека ќе се уништи македонскиот народ,…
Северна Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнивоста и затоа, санкциите за корупциски активности мора да бидат ефективни, соодветни и разубедувачки, изјави за МИА портпаролката на Европската комисија задолжена за соседство, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро запрашана за коментар за Измените во Кривичниот законик. – ЕУ со загриженост забележува дека некои од измените во Кривичниот законик усвоени во забрзана постапка од Собранието на Северна Македонија со кои се намалуваат максималните законски казни и се предизвикуваат импликации врз примената на принципот на застареноста, влијае врз голем број случаи на корупција на високо…
ЏАБИР ДЕРАЛА Шефот на ВМРО-ДПМНЕ се однесува крајно неразумно, исто колку што се неразумни наративите што ги создава партиската пропагандна кујна со години наназад. Сепак, пропагандата е толку интензивна, така што во јавноста се наметнува впечатокот дека земјата е во хаос, и дека институциите не функционираат и дека единствен спас за земјата е токму тој. Уставните измени според кои во Уставот на Северна Македонија ќе бидат внесени и Бугарите како еден од 11-те народи наведени во Преамбулата, се услов за продолжување на процесот за интеграција во ЕУ. Овој процес е блокиран во Парламентот, а во јавноста, Мицкоски прави сè да го оцрни…
Иднината на нашиот континент зависи од изборите што ги правиме денес за чекорите што ги преземаме за да ја комплетираме нашата Унија. Народот на Европа сака Унија која ќе ги брани во време на конкуренција на големите сили, но и ги штити и стои блиску до нив, како партнер и сојузник во нивните секојдневни битки. И ние ќе го слушаме нивниот глас. Ако тоа е важно за Европејците, важно е и за Европа, нагласи денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во своето годишното обраќање за „Состојбата на Унијата“ на пред Европскиот парламент во Стразбур. – Сега е…
Утре, на 14 септември, на сцената на Македонската филхармонија, хрватскиот музичар Дарко Рундек ќе одржи концерт заедно со Биг бендот на Здружението на џез музичарите. Настапот на некогашниот фронтмен на групата „Хаустор“ е по повод 25-ти роденден на „Екотип“. Рундек не е непознат за македонската публика, која секогаш се радува на неговите настапи. Рундек дипломирал режија на Академијата за драмска уметност во Загреб. Режирал неколку претстави, радиоемисии и радиодокументарни филмови. Во 1991 година се преселил во Париз. Бендовите со кои настапува по доаѓањето во Париз се „Rundek Cargo Orchestra“ и „Rundek Cargo Trio“ со кои снимил неколку албуми. Последниот албум…
Пет години по Договорот од Преспа, поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев, зборуваше на вестите на One Channel со водителот Ренато Лека за ратификацијата на меморандумите од грчкиот парламент, за неговиот „брат Алексис Ципрас “ и за изборите во СИРИЗА, војната во Украина но и иднината на Западен Балкан во Европската Унија. Интервјуто на Заев го пренесоа и другите грчки медиуми. -Заедно со тогашниот премиер, господинот Ципрас, направивме чекор и го отворивме патот за нова перспектива и подобра иднина за нашите земји. Пред пет години, храброста и визијата на тогашните влади на Атина и Скопје ставија крај на тековното горчливо…
Решението за проблемите во односите на Бугарија со Северна Македонија лежи во имплементацијата на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ и во почитувањето на човековите права. Затоа, повеќе не треба да се зборува за „бугарско вето“, бидејќи има јасен заклучок на Европскиот совет од јули годинава и договорена преговарачка рамка, вели бугарскиот претсдеател Румен Радев во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА. – Тоа се европски, а не бугарски барања, кои јасно кажуваат дека Република Северна Македонија мора да го измени својот устав за да им даде можност на Бугарите да имаат уставна заштита и еднакви права со тоа што…
Новиот Министер на Албанија, за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, рече дека главен приоритет на министерството и понатаму ќе бидат евроинтеграциите, а Американскиот Стејт департмент испрати уште една порака до албанските власти во врска со случајот со градоначалникот на Химара, Фреди Белери, кој останува во притвор, пишуваат албанските медиуми. Американскиот професор на Универзитетот „Џон Хопкинс“ Даниел Сервер посочи дека, бидејќи реципроцитетот е првото правило на дипломатијата, дека Заедница слично како што се бара од Косово, треба да се побара и од Србија за Албанците во Прешевската долина, пишуваат косовските медиуми. Во продолжение се сите теми од денешниот редакциски избор…