Author: Ана Василевска

Управниот суд денеска ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024. Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите се оформени предмети и закажани во текот на денешниот ден. Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194 во Општина Крушево. ДИК на 104 седница ги разгледа приговорите поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај. Од вкупно…

Read More

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите, датум кој музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година. На овој ден, како што соопшти Министерството за култура, музеите во земјава традиционално овозможуваат бесплатен влез за посетителите кои можат да ги видат актуелните изложби и да се запознаат со движното културно богатство. – Музеите, освен својот придонес како платформа за размена на идеи и знаења, имаат значајна улога во образованието и се афирматори на темите што денес силно го засегаат светот, а кои чекаат да…

Read More

Преспанскиот договор е обврзувачки според меѓународното право. Тој важи и Северна Македонија е обврзана на него. Мислам дека е многу важно за позиционирањето како доверлив партнер во меѓународната заедница да не се појави сомнеж дека обврзувачките договори според меѓународното право ќе бидат почитувани и од идната влада, вели германската амбасадорка, Петра Дрекслер во интервју за „360 степени“. Амбасадорката нагласува дека двете земји имаат сигурно партнерство на сите нивоа, се сојузници во НАТО и дека Берлин сака да има блиска соработка и со идната влада, но како што посочи, ќе биде важно дали таа ќе ја продолжи јасната стратегиска насока во надворешната…

Read More

Советот на Европа денеска го усвои првиот правно обврзувачки меѓународен договор за вештачка интелигенција. Договорот вклучува барања за транспарентност и идентификација на содржината. „Договорот, кој е отворен за потпишување и од неевропските земји, воспоставува правна рамка што се применува во текот на целиот животен циклус на системите за вештачка интелигенција што овие системи можат да ги претставуваат и промовира одговорна иновација“,соопшти Советот на Европа. Текстот беше усвоен за време на годишниот состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа. Овој комитет ги обединува министрите за надворешни работи на 46 земји-членки. Оваа рамковна конвенција беше развиена во текот на две…

Read More

– Производителот на електрични возила „Тесла“ најави отпуштање на уште околу 600 вработени во своите производствени капацитети и инженерски канцеларии во американската сојузна држава Калифорнија. Си-Ен-Би-Си објави дека компанијата има проблем со намалувањето на побарувачката за електрични возила и зголемената конкуренција, поради што компанијата ќе започне со намалување на бројот на работни места. Последниот бран отпуштања во американската компанија во калифорниските градови Фремонт и Пало Алто ќе ги елиминира позициите од најниските до највисоките, односно од обичните фабрички работници, развивачите на софтвер, инженерите за роботика и директорите, објави Си-Ен-Би-Си. Извршниот директор Илон Маск им кажа на вработените во допис во април…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони во писмо до премиерот Албин Курти потврдија дека предлогот на претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак, за формирање Заедница на српски општини (ЗСО) претставува „цврст модел, внимателно дизајниран со помош на европски правници и експерти, заснован на постојната најдобра практика во Европа“. Приштинските медиуми јавуваат дека европската тројка лидери порачуваат дека постои ризик Косово да не ја добие потребната поддршка за членство во СЕ, доколку не започне со формирање на ЗСО. „За жал, чекорите што ги предлагате не се однесуваат на итната потреба од решителни чекори кон формирањето…

Read More

Денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предизвика реакции во грчките медиуми, кои коментираат дека станува збор за „нова провокација од Северна Македонија“, дека идниот премиер „ја следи линијата на претседателката Сиљановска“, а веста вечерва е една од главните теми во онлајн изданијата на медиумите, јави дописничката на МИА од Атина. „Северна Македонија: Провокативен претседателот на ВМРО – Ќе ја нарекувам мојата земја како што сакам, ако не ви се допаѓа да одите во Хаг“; „По Сиљановска, провоцира и Мицкоски: Ќе ја нарекувам мојата земја Македонија, ако сакате, одиме во Хаг“; „Христијан Мицкоски: Мое право е да ја нарекувам…

Read More

Саломе Зурабичвили се приклучи на јавните демонстрации против законот кој може да ја одврати Грузија од Брисел и кон Кремљ. Грузиската претседателка Саломе Зурабичвили изјави дека ќе стави вето на контроверзниот нацрт-закон усвоен од парламентот на нејзината земја, нарекувајќи го законот „неприфатлив“ и потврдувајќи го нејзиното противење на мерката што критичарите ја опишуваат како страшна закана за слободата на говорот и демократијата. Во интервју за Асошиејтед прес, Зурабичвили остро ја критикуваше владејачката партија Грузиски сон за туркање на законот, што нашироко се смета за назадување за аспирациите на Грузија за пристапување во Европската унија. Предлог-законот бара медиумите, невладините организации и…

Read More

Шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан денеска, во рамки на учеството на Самитот во Котор, Црна Гора, усвоија заедничка изјава со која ја потврдуваат посветеноста на земјите за заеднички регионален пазар насочен кон зајакнување на човечкиот капитал и развој на вештини. Како што информира владината прес-служба, шесте земји од Западен Балкан посветено ќе работат и на поттикнување на дигиталната трансформација, овозможување поволна средина за бизнисмените, како и зголемување на конкурентноста. – Препознавајќи ги постојаните и сериозни безбедносни предизвици предизвикани од актуелните геополитички околности, а особено руската агресија врз Украина, лидерите на Западен Балкан во изјавата ја…

Read More

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека добил закани по животот непосредно по атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фиц. Туск на платформата Х напиша дека вчера се случувале многу работи, а неговата објава содржи коментар објавен и на социјалната мрежа во кој се вели дека Словаците им дале пример на Полјаците што да прават со Туск доколку одлучи да не ја реализира инвестицијата на голем аеродром во централниот дел на земјата. Полскиот веб-сајт Wp.pl денеска објави, повикувајќи се на извор од Државната служба за заштита, органот задолжен за заштита на важни личности во Полска, дека заштитата на Туск ќе биде…

Read More

Управниот суд иформира дека по поднесени седум тужби од Коалицијата „Европски фронт“ на Парламентарните избори 2024 година против решенија на Државната изборна комисија (ДИК) оформени се предмети и ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот Законик. -Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот Законик, се вели во соопштението од Претседателот на Управен суд Бурим Сејдини. Управниот суд денеска одржа јавна седница по тужба на Коалицијата „Вреди“ по одлуката на ДИК за одбивање на нивниот приговор за избирачко место 0511, во Долна Бањица во Општина Гостивар на Парламентарните избори 2024…

Read More

Од печат излезе книгата „Блаже Конески – македонски тестамент“ на политиколог, новинар и публицист Свето Стаменов. Книгата е своевидна збирка на радио-разговори реализирани на брановите на Македонското радио – Радио Скопје во чест на стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески – основоположник на современата македонска култура. На 590 страници Б-5 формат објавени се 37 интервјуа со истакнати македонски и странски универзитетски професори, лингвисти, слависти и македонисти – врвни познавачи на животните и творечки врвици на Блаже Конески, од кои 28 беа реализирани во текот на 2021 година – Годината во чест на Конески, во рамките на редовните програми „Актуелно“ и…

Read More